1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Економски форум во Охрид

Презентирањето искуства од земјите-членки во Европската унија од Југоисточна Европа и од земјите-аспиранти за членство во Европската унија беше клучната тема на годишниот Економски форум во Охрид.

default

Во Охрид се собраа претставниците на бизнисот и политиката од Југоисточна Европа

Форумот на едно место ги собра претседателите на стопанските комори, претставниците на владите, академските експерти и бизнис-заедницата во поширокиот регион и опкружување на Македонија.

Бизнис заедниците на земјите од Западен Балкан имаат бескомпромисен конзензус за забрзано асоцирање кон евроатланските структури. Приватниот сектор кој е во подем очекува неговиот капацитет максимално да се искористи.
Брзиот раст на економиите во дел од земјите од регионот, кои се на пат кон ЕУ, сега е забавен поради светската финансиска криза, па затоа се потребни енергични чекори за намалување на ударот на кризата врз домашните економии–се согласија учесниците на форумот.

Немањето канцеларија во Брисел е голема слабост

EU-Gipfel in Brüssel

Без претставништво во Брисел, тешко оди унапредувањето на економските врски со ЕУ

Македонија е една од последните земји од регионот, која што сеуште нема своја лоби канцеларија во Брисел за привлекување инвестици од фондовите и привлекување инвеститори. На тој пат ќе и’ помага Словенија, изјави Борис Цизељ, директор на Асоцијацијата за бизнис и истражувања.„Отворено мора да се каже дека тука има доцнење. Тоа треба да се поправи. На пример Сараевскиот кантон има канцеларија во Брисел, дури градот Загреб и сите во опкружувањто на Македонија имаат претставништва, затоа е потребно да се побрза. Не би било чесно да кажам дека без биро не е можно да се придобијат европски средства, но со лобирање е многу полесно да се стигне до нив.“

Европските фондови се отворени само се чекаат успешни економски проекти кои ќе ги привлечат како со магнет европските пари. И Македонија, како и останатите треба да ги подготви условите за тоа, вели Цизељ. „Македонија има квота од преку 200 милиони евра од ИПА фондовите. Меѓу, ние најмногу можеме да помогнеме во така наречените комунитарни програми, за кои се аплицира директно во Брисел, додека за ИПА фондовите владата прави програма и одбира приоритетни програми кои дури потоа се помагаат финансиски.“

Како со последиците од светската финансиска криза?

Japan Finanzkrise Börse in Tokio Kursen Tafel

Светската финансиска криза не ја погодила Македонија

На форумот можеа да се слушнат различни модели за надминување на влијанието на светскатата финансиска криза врз економиите од земјите од Западен Балкан. За разлика од вице-премиерот Зоран Ставрески, кој смета дека состојбата е под контрола, експертот Владимир Глигоров од Виенскиот економски институт смета дека Македонија треба да размисли за нов аранжман со ММФ:

„Претпоставувам дека има потреба да се дискутира за можен аранжман со Меѓународниот монетарен фонд. Колку што можам да разберам, тоа не и е во план на владата, но мислам дека во релативно блиска иднина тоа би требало да се разгледа.“

Македонската влада ќе ја консултира бизнис заедницата

По примерот на земјите од регионот македонската влада најави дека ќе ја има за партнер бизнис заедницата. Ова наиде на одбрување и кај претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески: „Конечно една долго очекувана изјава ја слушнавме од заменик премиерот Ставрески, дека од први јануари идната година бизинис заедницата ќе биде задолжително консултирана за сите законски проекти од економската сфера. Тоа е работа, која што ние ја бараме веќе дваесетина. Конечно така ќе се забрза нашето приближување кон Европа, каде тоа е редовна практика веќе десет години.“

Преку разменетите искуства над тристотината учесници од 11 земји, од Охрид упатија јасна порака дека земјите од Југоисточна Европа, не само географски, туку и суштински и’ припаѓаат на обединета Европа.