1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Профитот на „Хјулид Пакард“ во четвртиот квартал ги надмина очекувањата на аналитичарите; луксузната „Панамера“ догодина со дизел-мотор; ФБИ претресе канцеларии на три американски хеџ-фонда.

default

„Панамера“ - новиот зрак надеж за Порше

„Хјулид Пакард“, најголемиот концерн од областа на интернет-технологијата во светот, во четвртиот квартал од годинава ги надмина претходните очекувања на аналитичарите. Како што соопшти компанијата, нето-добивката се зголемила за пет проценти и изнесува вкупно 2,54 милијарди долари. Профитот, пак, изнесува 33,28 милијарди долари, што претставува раст за осум проценти. Од „Хјулид Пакард“ истакнуваат дека позитивниот тренд, во најголема мера, се должи на поголемите инвестиции на компанијата во интернет-технологијата.

Ein berührungsempfindlicher Bildschirm

„Хјулид Пакард“: Поголем профит како резултат на зголемените инвестиции

„Панамера“, луксузната лимузина на Порше, во иднина ќе биде опремена и со дизел-мотор. Таков модел на купето треба да се појави на пазарот во втората половина од 2011 година, најави шефот на управниот одбор на Порше, Матијас Милер, во интервју за весникот „Вестфален блат“. Продажбата на „Панамера“ значително се зголеми во последните месеци и моделот се претвори во нов зрак на надеж за компанијата од Штутгарт.

Индискиот производител на стопански возила „Махиндра и Махиндра“ потпиша договор за преземање на банкротираната јужнокорејска компанија „Санг Јонг Мотор“, специјализирана за теренски возила. Како што соопшти фирмата од Јужна Кореја, Индијците ќе преземат седумдесет проценти од акциите на компанијата, за што ќе платат 340,2 милиони евра. Договорот бил потпишан во Сеул од претставници на двете страни, а преземањето треба да заврши најдоцна до март, следната година. Со преземањето, индиската компанија „Махиндра и Махиндра“ ќе добие пристап до глобалната мрежа на „Санг Јонг Мотор“ и нивната експертиза во производството на теренски возила.

Американската федерална полиција, ФБИ, ги претресе канцелариите на три хеџ-фонда, кои стојат под сомнение за злоупотреба на инсајдерски информации за остварување профит на берзата. Два од фондовите се под раководство на врвни менаџери на фирмата ЕсЕјСи Капитал и управуваат со вкупен имот во вредност од околу девет милијарди долари. Сите три фондови изразиле подготвеност за соработка со ФБИ при истрагата, меѓутоа не дадоа изјава за медиумите.

Автор: Моника Ломилер/ Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска

Редактор: