1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Германија не е претерано атрактивна за стручна работна сила од странство, констатира Германската индустриска и трговска комора во една се’ уште необјавена студија.

default

Весникот „Франкфуртер рундшау“ денеска (вторник, 16.11.2010) ја пренесува и оцената дека државата прави премалку за да привлече експерти од странство иако потребата од нив е голема. Неопходно е, покрај другото, да се изгради култура на добредојде во однос на странците. Анкетираните млади квалификувани Турци и Полјаци се пожалиле дека се чувствуваат непожелни и потценети во Германија. Како главен проблем е наведен јазикот.

Кина во борба со поскапувањето на производите

Кина има намера со контрола на цените кај храната да се бори против растечката инфлација. Националната комисија за развој и реформи, највисок орган за стопанско планирање, подготвува пакет мерки за да се запре поскапувањето на производите, известуваат кинеските медиуми. Стапката на инфлација во Кина во октомври изнесуваше 4,4 проценти и е највисока за последните 25 месеци.

„Ербас“ не ги одложува испораките за Кина

6000ter Airbus wird ausgeliefert

„Ербас“ не потклекнува

Европскиот производител на авиони „Ербас“ најави дека нема да дојде до одложување на испораката на моделот А 380 на Кина, и покрај проблемот со турбината кај авион од тој тип пред една недела во Австралија. Производителот на турбините „Ролс-Ројс“ објави дека на клиентите ќе им стави на располагање други турбини како замена, со што се заканува да дојде до тесно грло во производството на А 380. Авиокомпанијата „Чајна саутерн ерлајнс“ треба в лето наредната година да го добие првиот од нарачаните авиони А 380.

Офанзива на „Тојота“ во САД

Водечкиот производител на автомобили во светот „Тојота“ проценува дека на американскиот пазар наредната година ќе бидат продадени за 13 проценти повеќе возила, односно вкупно околу 12,5 до 12,9 милиони. Годинава се очекува вкупно да бидат продадени околу 11,5 милиони автомобили. Американскиот е втор најголем пазар на автомобили во светот, по кинескиот.

Автор: Џанг Данхонг/ Улрих Клаус/Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска