1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Цената на златото постојано расте. Поради историски ниските камати, банките во Германија одобруваат повеќе градежни кредити, отколку кога и да е порано. Ирска не бара активирање на механизмот за финансиска помош од ЕУ.

default

Ирска не бара активирање на механизмот за финансиска помош од ЕУ, иако е соочена со рекорден долг. Еврокомесарот за стопанство Оли Рен, кој е во посета на Даблин, изјави дека финансиските пазари ќе се смират штом ирската влада детално ќе ги обелодени плановите за штедење. Ирска има највисок буџетски дефицит меѓу земјите на ЕУ.

**********************************************

Цената на златото постојано расте. Вчера (08.11.2010) за првпат ја пречекори границата од 1400 долари и во еден момент достигна до 1402 долара за една унца, односно 31,1 грам. Тоа е за 4,15 долари повеќе отколку рекордната вредност од минатиот петок.

**********************************************

Концернот за логистика „Дојче пост ДХЛ“, благодарение на подобрената конјуктура, во првите девет месеци од годинава постигна повеќе од двојно поголема добивка во споредба со истиот период лани. Приходите достигнаа вредност од 37,6 милијарди евра, што е пораст од 11,2 процента, а добивката е повисока за 121,6 насто и изнесува речиси 2,1 милијарди.

**********************************************

Поради историски ниските камати, банките во Германија одобруваат повеќе градежни кредити, отколку кога и да е порано. Според анкетата на „Билд.де“, штедилниците „Шпарда“ за девет месеци годинава доделиле вкупно 30,6 милијарди за кредитирање на градежништвото, „Хиповерајнсбанк“ за седум месеци кредитирала колку во целата мината година, додека „Комерцбанк“ во септември доделила за 40 проценти повеќе кредити, отколку во истиот месец минатата година.

Автор: Моника Ломилер / Жанг Данхог / Зоран Јордановски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска