1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Одлуката на европските лидери за создавање на финансискиот пакет за помош на Грција и на останатите држави од еврозоната во голем дел се должи и на силниот притисок на САД, пишува „Фајненшл тајмс“.

default

Кинеското население се побогато

Кина во следните неколку години може да ја престигне Јапонија и да го заземе второто место, по САД, по значајниот макроекономски показател-богатство на населението, се наведува во извештајот на банката „Креди Свис“ за глобалното богатство.

Банката прогнозира дека богатството на населението на Кина до 2015 година двојно ќе се зголеми - на 35 билиони долари (35 илјади милијарди долари), од 16,5 билиони во 2010 година.

Богатството на населението на САД во 2010 година ќе достигне 54,6 билиони долари, а на Јапонија 21 билион. Светски лидери според просечното богатство на своите жители се Швајцарија и Норвешка со 372, односно 326 илјади долари по глава на жител.

САД ја притискале Европа за помошта за Грција

САД извршиле притисок врз Европа со цел финансиски да ја поддржи Грција, објави весникот „Фајненшл тајмс“. Одлуката на европските лидери за создавање на финансискиот пакет за помош на Грција и на останатите држави од еврозоната во голем дел се должи и на силниот притисок на САД, поради загриженоста на американската Влада од опасноста за проширување на кризата поради немоќта на Европа за брзо решавање на проблемот, наведува весникот.

На една од средбите во април годинава, високи американски претставници нагласиле дека Европа „треба да го реши овој проблем и да ги смири пазарите, во спротивно кризата ќе се прошири како пожар“, изјави тогашниот британски министер за финансии Алистер Дарлинг.

„Континентал“ ги поскапува пневматиците

Continental Chef schließt Werksschließungen für sein Unternehmen in Deutschland nicht aus

Германскиот производител на автомобилски гуми „Континентал“ најави дека наредната година ќе ја зголеми цената на пневматиците во просек за пет отсто, поради рекордно високите цени на каучукот. „Континентал“, кој е најголем европски дистрибутер на пневматици, објасни дека природниот каучук достигна досега највисока цена во историјата од три долари за килограм. „Континентал“ интензивно работи и на изнаоѓање алтернативи за постепена замена на каучукот. Ривалот на „Континентал“, „Мишелин“, кој е втор по големина произведител на пневматици, во јули исто така најави дека ќе ја зголемата цената за околу пет проценти.

Автор: БГ/ дв/ миа

Редактор: Александра Трајковска