1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Избор од вести за актуелностите од економскиот живот во Германија, Европа и светот.

default

Јапонската национална емисиона банка заведе политика на нулти камати со оглед на ризиците за опаѓање на конјунктурата. Банкарите имаат намера да задржат нулта камата се’ додека не биде гарантирана стабилноста на цените. Досега каматата изнесуваше 0,1 процент.

Последиците од огромниот буџетски дефицит претставуваат се’ поголема и реална опаснот за американската економија, предупреди Бен Бернанки, шеф на американската емисиона банка. Тој побара од челните политичари да поднесат „веродостоен план“ за намалување на долговите. Политиката мора да донесе „многу тешки решенија“, кои ќе бараат „жртвување“, рече Бернанки во еден говор. Во буџетската 2008/ 2009 година американскиот буџетски дефицит изнесуваше 1,42 билиона долари, што е највисока вредност по Втората светска војна и претставува 10 проценти од домашниот бруто производ.

ЕУ и САД постигнаа решение во долгогодишниот спор околу заштита на географски ознаки на производи како виното шампањско, или парма и рокфор-сирењата. Пробивот е постигнат на преговорите за борба против фалсификување на производи. Подробности од согласноста треба да бидат објавени неделава.

Францускиот технолошки концерн „Алстом“ најави укинување на 4 илјади работни места во одделот за опремување на електроцентрали на погон на јаглен и гас во наредните 18 месеци. Најмногу ќе бидат погодени Швајцарија, Германија и САД, но работни места ќе бидат укинувани и во постројките на „Алстом“ во Велика Британија, Унгарија, Норвешка и Франција.

Австрискиот „Телеком“ ги откупи и преостанатите 30 проценти од својата фирма-ќерка „Велком“ во Белорусија. Вредноста на зделката изнесува 648 милиони евра. Овој чекор беше предвиден уште во 2007 година, кога „Телекомот“ го купи првиот пакет акции на „Велком“.

Автор: Моника Лемилер/ Зоран Јордановски

Редактор: Симе Недевски