1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Последиците од кризата на пазарот на работна сила најдолго се одразуваат во САД; Стопанството во 16-те земји од еврозоната годинава во просек ќе оствари пораст од 1,1 процент.

default

Последиците од финансиската и економска криза на пазарот на работна сила најдолго се одразуваат во САД, каде во моментов речиси секој десетти работоспособен е невработен. Во Европа во најголем дел се подобри состојбата на пазарот на работна сила, а во Америка невработеноста расте од месец во месец - само во јуни беа укинати 131 илјада работни места. Тоа, пак, влијае врз стопанскиот пораст, оти американската економија во голем дел живее од потрошувачката, а невработените имаат помалку пари за трошење. Од почетокот на годинава опаѓа темпото на порастот, по подемот регистриран од средината на минатата година. На берзата во Њујорк се шпекулира со ново печатење пари за подршка на стопанството, оти националната емисиона банка каматите ионака веќе подолго време ги држи на нула.

Стопанството во 16-те земји од еврозоната годинава во просек ќе оствари пораст од 1,1 процент, а во наредната 1,4 проценти, предвидуваат 55 експерти, кои беа анкетирани од Европската централна банка. Во 2012 година порастот би требало да достигне 1,6 насто. Инфлацијата годинава треба да изнесува 1,4, а догодина 1,5 проценти.

Електроконцернот „Сименс“ доби долгорочни нарачки за одржување и сервисирање на две централи на погон на гас на Филипини, како и на една во Франција. Вкупната вредност на договорите изнесува 800 милиони евра.

Вториот по големина германски снабдувач со електроенергија РВЕ во првата половина од годинава оствари приход од 27,4 милијарди евра, што претставува пораст од 12 проценти во споредба со истиот период лани. Нето-добивката е зголемена за 23 проценти и изнесува 2,3 милијарди.

Луѓето во многу земји во Европа годинава се определуваат за поевтини аранжмани за годишен одмор. Во ова посебно предничат Британците. Фирма-ќерка на германскиот концерн ТУИ во изминатиот квартал не успеа да го надмине нивото од истиот период лани. ТУИ севкупно успеа само да ја намали загубата од 460 милиони лани, на 36 милиони во истиот квартал годинава. Концернот се надева дека годинава сепак ќе ја заврши со добивка.

Автор: ЗЈ/ АТ/

Редактор: Александра Трајковска