1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Избор од стопански вести: По неочекуваниот потег на германската влада за регулирање на финансиските пазари еврото доживеа натамошен пад на вредноста во однос на доларот.

default

Економската ситуација на глобално ниво натамошно се подобрува. Во анкетата на германскиот институт за економски истражувања „Ифо“ 1154 експерти од 110 земји ја проценуваат актуелната ситуација како поповолна, отколку на почетокот на годинава и со оптимизам гледаат и на развојот во втората половина од 2010. „Резултатите укажуваат дека економскиот пораст фаќа чекор“, рече Ханс-Вернер Зин, претседател на институтот од Минхен. Мотор на тој пораст останува Азија, каде актуелната економска состојба веќе се оценува како поволна. Индикаторот на расположението во стопанството и во Северна Америка се покачи над долгогодишниот просек. Во Западна Европа, напротив, тој останува речиси непроменет и под неговиот долгогодишен просек. Но, во сите региони очекувањата за наредните шест месеци се позитивно насочени, иако веќе не толку силно, колку на почетокот од годинава.

Шпанското стопанство излезе од рецесија. Благодарение на нараснатиот извоз, четвртото по големина стопанство во зоната на еврото во првиот квартал од годинава според официјалната статистика на земјата забележа пораст од 0,1 процент, за првпат по седум последовни квартали со опаѓање на вкупните стопански постигнувања. Аналитичарите предупредуваат дека остриот курс на штедење, високата невработеност и покачувањето на даноците можат повторно да ја повлечат во рецесија високо задолжената земја.

Regierungserklärung Bundestag Berlin Merkel Westerwelle

Канцеларот Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле

По неочекуваниот потег на германската влада за регулирање на финансиските пазари со забраната за таканаречените продажби на празно, која стапи на сила на полноќ спроти средата (19.05.2010), како и по предупредувачките изјави на канцеларот Ангела Меркел, еврото доживеа натамошен пад на вредноста во однос на доларот. На девизниот пазар оценката на Меркел дека кризата на еврото е егзистенцијална, предизвика критички реакции. „Политичарите се’ уште не сфатија дека небрежните изјави одат на товар на заедничката валута“, рече Џереми Стреч, монетарен аналитичар во Рабобанк.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле утре (петок, 21.05.2010) на средбата на работната група за реформа на Пактот за стабилност и за пораст во Брисел ќе ја поднесе својата програма во девет точки. Во изработката на концептот учествувал и министерот за стопанство Рајнер Бридерле. Централен елемент на програмата на Шојбле е идејата за превенција на кризи, а тежиштето е на трите слаби точки: превенција од буџетски ризици, подобрен економско-политички надзор и координација, како и поцврсти рамки за совладување на кризи во зоната на еврото.

Автор: Клаус Улрих/ Хенрик Беме/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска