1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Промени во италијанскиот гигант ФИАТ, нови протести на грчките државни службеници, САД издаваат нова банкнота од 100 долари.

default

Денеска нови протести во Грција

Фиат го подели производството

Раководството на италијанскиот гигант ФИАТ најави голема поделба на производните сектори и формирање на нова компанија. Првиот човек на ФИАТ, Серџо Маркионе на

Fiat Chef Sergio Marchionne

Шефот на ФИАТ, Серџо Маркионе

синоќешната 6-часовна презентација го претстави планот за следните 5 години кој предвидува поделба на автомобилските активности од останатите. Новите групации од една страна ќе ги сочинуваат ФИАТ, Ферари, Алфа Ромео, Ланча и Масерати, а во посебна компанија под името ФИАТ индустријал ќе бидат регистрирани производителот на камиони Ивеко, на машини за земјоделството Кејс Њу Холанд и на мотори. Планот предвидува производството на автомобили во Италија до 2014 година да се зголеми од сегашните 650 илјади на 1,4 милиони возила.

Нов протест на грчките државни службеници

Десетици илјади државни службеници во Грција денеска протестираат против антикризните мерки на владата. Штрајкувачите бараат властите да се воздржат од понатамошни рестриктивна мерки како намалување на платите во јавниот сектор, замрзнување на пензиите и други мерки. Штрајкови најавуваат и лекарите, медицинските сестри, наставниците, даночни службеници и вработени во многу други сектори. Од владата се бара да ги отфрли притисоците од ММФ и од ЕУ за натамошни мерки на штедење.

Нова банкнота од 100 американски долари

Flash - Galerie Dollar Pyramide

Дополнителна заштита за доларот

Со цел да ја намали опасноста од фалсификување, американското Министерство за финансии во февруари следната година ќе издаде нова банкнота од 100 долари. Засега не е познато на кој начин ќе биде изменета „стотката“. Експертите веруваат дека новината, како и кај претходните редизајнирања на банкнотите, ќе биде внесување на нова боја во веќе познатата „слика“ на Бенџамин Франклин.

Автор: БГ/АТ/дв

Редактор: Александра Трајковска