1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Избор од стопански вести - Германија може да добие надомест за претрпена штета поради банката Хипо риал истејт; Најголемиот светски производител на спортски артикли „Најк“ бележи пораст на приходот и добивката.

default

„Најк“ бележи пораст на приходите

Германската држава може да добие во најдобар случај до 150 милиони евра како надомест за претрпена штета од задолжителното осигурување за Управниот и Надзорниот одбор на банката Хипо риал истејт. Државата ја спаси банката од пропаѓање со помош од речиси 100 милијарди евра. Информацијата објавена од „Зидојче цајтунг“ се базира врз податоци од Сојузното министерство за стопанство.

Бен Бернанки, шеф на американската емисиона банка Федерал ризрв, во Конгресот агитираше за тоа банката да го задржи правото на надзор и врз помалите финансиски институти, оти тоа ја зголемувало ефективноста на монетарната политика и ја поттикнувало финансиската стабилност. Настапот на Бернанки е контра-одговор на предлогот на сенаторот Кристофер Дад, Фед-банката да ја препушти контролата врз финансиски институти со билансна сума помала од 50 милијарди долари.

Американската банка Вочовиа се договори со владата на Соединетите Држави да плати 160 милиони долари, а за возврат за 12 месеци да биде запрена постапката против неа за перење пари на мексикански картели за дрога во периодот од 2003 до 2008 година. Постапката ќе биде целосно запрена ако во тој 12-месечен период банката кооперира со иселениците.

Германската железница е заинтересирана да го купи британското транспортно претпријатие „Арива“. Според пишувањето на „Зидојче цајтунг“ и „Фајненшел Тајмс Дојчланд“, сондирањето трае веќе неколку месеци. „Арива“ е едно од најголемите приватни транспортни друштва во Европа со околу 44 илјади вработени во 12 земји, од нив околу 3.400 во Германија, каде претпријатието држи многубројни автобуски линии и регионални возови.

Најголемиот светски производител на спортски артикли „Најк“ бележи пораст на приходот и добивката. Во изминатиот квартал приходот скокнал за седум проценти и достигнал 4,7 милијарди долари, а добивката изнесувала 496 милиони долари. Тоа е повеќе од двојно во споредба со истиот квартал пред една година, кога добивката изнесуваше 244 милиони долари.

Автор: Моника Ломилер/Жанг Донг/Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина