1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Избор од стопански вести.

default

Европската централна банка ги оцени како уверливи новите грчки планови за штедење. Ветувањето дека новите мерки ќе бидат брзо спроведени ја покажува решеноста на владата во Атина за консолидирање на државниот буџет. Европската централна банка смета дека граѓаните ќе профитираат од обемните даночни и структурни реформи, оти со нивна помош стопанството на земјата ќе ги надмине проблемите и среднорочно ќе дојде до континуиран стопански пораст и до поголема вработеност. Банката оценува и дека се особено важни планирањето намалување на државните трошоци и прилагодувањето на платите во јавните служби.

Девет од вкупно 12 дистрикти на американската емисиона банка Федерал ризрв констатираа лесно подобрување на стопанските активности во февруари во најголемата светска економија. Тешките снежни бури на почетокот на минатиот месец предизвикаа ограничување на активностите во поедини дистрикти. Најсилен замав во најголемиот број дистрикти зема преработувачката индустрија, пред се’ кај хајтех-производите, како и во автомобилската и металската бранша. Американското стопанство натамошно се опоравува од тешката рецесија. Домашниот бруто-производ во последниот квартал од минатата година забележа пораст од 5,9 проценти, најголем за последните шест години.

Symbolbild Computersicherheit

Најмалку 30, а можеби и до 100 меѓународни претријатија кои дејствуваат во Кина, се жртви на хакерски напад. Се претпоставува дека хакерите можеби промениле компјутерски кодови, без тие фирми воопшто да можат да го забележа тоа. Хакерите навлегле во компјутерите на соработниците на тие фирми, надлежни за системите за управување со кодовите. Експерти сметаат дека станува збор за истата група хакери кои пред извесно веме извршиија напад врз Гугл, а наводно таа акција била поведена од два елитни кинески универзитета.

По 47-годишна кариера во абвтомобилската индустрија, на 1 мај во пензија ќе замине Роберт Луц, потпретседател на американскиот концерн „Џенерал моторс“. Боб Луц работеше во Крајслер, Форд, и БМВ, а од 2001 е во ГМ, каде е надлежен за развој на продукти и политика на модели. Тој е поборник на возила со силни мотори и висока потрошувачка на гориво, чија продажба драстично опадна во последно време.

Автор: Хенрик Беме/Моника Ломилер/Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска