1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Избор од стопански вести.

default

Европската централна банка

Поради аферата со долгогодишното прикривање на буџетскиот дефицит во Грција сега со проблеми е соочен и шефот на италијанската национална емисиона банка Марио Драги. Тој е кандидат за челна функција во Европската централна банка, но порано работел во американската инвестициона банка Голдмен Сакс. Таму бил надлежен за зделки со држави. Деновиве изби на виделина податокот дека токму во тоа време банката со специјални финансиски трансакции и’ помогнала на тогашната грчка влада да го прикрие дефицитот.

16-те германски Сојузни покраини лани потрошиле 25,5 милијарди евра повеќе, отколку што оствариле приходи, се вели во еден документ на Сојузното министерство за финансии. Во годината пред тоа покраините уште имаа буџетски суфицит од околу 700 милиони евра.

Повеќемина водечки претставници на американската емисиона Фед-банка се искажаа за скорешна продажба на хартии од вредност, како пат за да се повлече од оптек вишокот на пари во финансискиот систем. Според протоколот од јануарската седница на банката, нејзините експерти и натаму позитивно ги оценуваат изгледите за стопанството, но ги загрижува високата невработеност.

Јапонската централна банка и натаму ги држи каматите на ниво од 0,1 процент и соопшти дека има намера да опстои врз таквата монетарна политика. Банката е изложена на притисок од страна на јапонската влада, да стори нешто повеќе во борбата против дефлацијата и постојаното опаѓање на цените. Владата смета дека цените треба да бидат покачени за најмалку еден процент.

Автор: Моника Ломилер/Џанг Донг/Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска

Поврзана содржина