1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

САД донесоа пакет-мерки за поттик на пазарот на работна сила; Во Германија има се’ помалку работни места со полно работно време.

default

Американската емисиона банка и натаму опстојува врз политиката на практично бескаматно кредитирање. Каматите се движат во коридор помеѓу нула и 0,25 проценти. Каматата на средствата што им ги позајмува на деловните банки „уште за подолго време“ ќе остане екстремно ниска, соопшти националната емисиона банка. Таа проценува дека конјунктурата во САД е во лесен подем по најтешката рецесија од 30 години на минатиот век наваму.

САД донесоа пакет-мерки за поттик на пазарот на работна сила, и покрај рекордно високиот државен дефицит. Претставничкиот дом на американскиот Конгрес одобри трошоци во износ од 155 милијарди долари наменети за заживување на пазарот на трудот и за спречување отпуштања од работа во јавните служби. Сенатот, вториот дом на Конгресот, ќе се изјасни за овие мерки веројатно на почетокот на наредната година.

Во Германија има се’ помалку работни места со полно работно време. Според Сојузната влада, во јуни минатата година имало 22,4 милиони такви работни места, што е за 1,36 милиони односно 5,7 проценти помалку отколку во 1999 година. Затоа пак во истиот период за 36 проценти порасна бројката на вработени со скратено работно време и достигна вкупно пет милиони.

Франција инсистира на изнаоѓање решение за проблемот со трошоците на проектот за воен авион-транспортер Ербас А400М до крајот на јануари 2010 година. Државите нарачателки, меѓу нив и Франција и Германија, минатата недела, за време на првиот лет на тој тип на авион, се договорија до тој датум да биде продолжен актуелниот мораториум. Германија нарача 60 авиони Ербас А400М.

Автор: Монија Ломилер/Клаус Улрих/Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска