1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Помош со услови за „Опел“; Производителот на компјутери Дел има намера на почетокот на наредната година на американскиот пазар да понуди мобилен телефон со погонскиот систем Андроид од Гугл.

default

Германската влада има намера ветените милијарди евра како помош за спасување на производителот на автомобили „Опел“ да ја поврзе со дополнителни услови. Како што известува денеска (09.10.2009) весникот „Ханделсблат“, кој се повикува на извори од кругови на владата, средствата ќе му бидат дадени на купувачот, австриско-канадскиот лиферант за автомобилската индустрија „Магна“, ако и другите европски земји, во кои исто така има фабрики на „Опел“, се обврзат да учествуваат во финансирањето. Потпишувањето на договорот за продажба на „Опел“ е предвидено за почетокот на наредната недела.

******************************************

Германското Здружение на автомобилската индустрија побара од банките побрзо да им одобруваат кредити на германските лиферанти за производителите на автомобили. „Обезбедувањето ликвидност, во моментов, е еден од најголемите предизвици за лиферантите“, вели Клаус Бројних, извршен раководител на Здружението во изјава за весникот „Везер курир“. Тој укажува и на фактот дека кога повторно ќе почнат да растат нарачките, нужно е претходно финансирање на работата за нивна реализација, што значи дека уште повеќе ќе се зголеми потребата од ликвидност.

******************************************

Најголемата светска туристичка агенција „Туи травел“ купува 9,9 проценти од акциите на авиопревозникот „Ер Берлин“. Зделката треба да биде реализирана уште во текот на овој месец.

******************************************

Производителот на компјутери Дел има намера на почетокот на наредната година на американскиот пазар да понуди мобилен телефон со погонскиот систем Андроид од Гугл. Телефонот ќе функционира без тастатура, туку само со допир врз екранот, известува весникот „Вол стрит џорнал“.

Автор: РВ/ЗЈ/ЕМФ