1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Избор од вести од економијата - најголемиот светски понудувач на кредитни картички „Виза“ ја зголеми добивката во претходниот квартал.

default

Во САД расте надежта за општо опоравување на конјуктурата. Емисионата Федерална банка извести дека во некои региони на земјата се регистрирани знаци на стабилизирање или на позабавено опаѓање на стопанските активности. Актуелните проценки се попозитивни отколку кон средината на јуни, што раѓа надежи дека се ближи крајот на рецесијата што започна во декември 2007 година.

********************

Кризата со невработеноста, што експерти ја предвидуваа за наесен, веќе сега доаѓа до израз. За првпат по повеќе месеци, во јули значително порасна бројот на невработени. Економисти на големите германски банки проценуваат дека на крајот од месецов ќе има 110 илјади повеќе невработени, односно вкупната бројка ќе достигне 3,52 милиони. Тоа би бил најголем пораст забележан во месец јули во последните пет години.

********************

Најголемиот светски понудувач на кредитни картички „Виза“ ја зголеми добивката во претходниот квартал. Благодарение и на намалените трошоци за реклама и маркетинг, добивката порасна за 73 проценти и достигна вкупно 729 милиони долари, соопшти „Виза“. Без ефектот од продажбата на акции во Бразил, кварталната добивка изнесува 507 милиони.

********************

Рејтинг-агенцијата „Муди’с“, пак, во вториот квартал од годинава постигна за 19 проценти помала добивка. Тоа е сепак подобар резултат отколку што очекуваа аналитичарите. Акциите на „Муди’с“ паднаа за седум проценти. „Муди’с“ и ривалите како „Стандард енд пур’с“ и „Фич“ се најдоа на удар на жестока критика во екот на финансиската криза, оти им доделија највисоки оценки на финансиски продукти, чија вредност подоцна значително опадна. Американските власти за надзор над берзите сега ќе вршат посилна контрола на рејтинг-агенциите.

********************

Стечајниот управник во случајот со американскиот финансиски измамник Бернард Медоф со тужба бара од неговата сопруга 44,8 милиони долари, пари што Рут Медоф ги добила во изминатите шест години директно или индиректно преку удел во друштвата на сопругот. Независно од тоа дали таа знаела за махинациите на сопругот или не, мора да ги врати парите, смета стечајниот управник. Медоф, кон крајот на јуни, беше осуден на 150 години затвор, затоа што со еден комплексен пирамидален систем ги оштетил вложувачите за повеќе милијарди долари.


Автор: УК/РВ/ЗЈ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска