1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Амнести Интернешнл предупредува дека глобалната економска криза негативно се одразува врз состојбата со човековите права. Американското стопанство покажува знаци на стабилизација. Невработеноста во Германија намалена.

default

Берзата во Франкфурт

Организацијата за заштита на човековите права „Амнести Интерешнал“ соопшти дека глобалната економска криза лошо се одразува врз состојбата со човековите права во светот. Во својот годишен извештај, оваа организација истакнува дека властите во повеќе земји со репресивни мерки реагирале на социјалните немири до кои дошло поради растечката сиромаштија. Се наведува и дека поради кризата се зголемил и бројот на бегалци од Африка.

Symbolbild US Konjunkturpaket

Американскиот претседател Барак Обама 100 дена по потпишувањето на неговиот гигантски конјунктурен пакет во САД извлече позитивен биланс. Програмата во вредност од 787 милијарди долари за поттикнување на стопанството досега обезбедила одржување или отворање на вкупно 150 илјади работни места, изјави Обама во Лас Вегас. Економијата на САД во меѓувреме покажува знаци на стабилизација. Администрацијата на Обама смета дека во голем дел е заслужна за заздравувањето на економијата. Опозициските Републиканци пак ја критикуваат конјунктурната програма како расипништво на парите од даноците.

Експертите во Германија сметаат дека само со значително зголемување на данокот на додадена вредност, државата може да се ослободи од дополнителните долгови, настанати поради економската криза. Претседателот на германскиот институт за економски истражувања, Клаус Цимерман во изјава за весникот „Рајнишен Пост“ се заложи за тоа данокот за додадена вредност од 2011 година да се зголеми за шест проценти и да изнесува 25 проценти.

Поради драматичното намалување на приходите од даноци и зголемените трошоци на пазарот на работна сила, предизвикани од економската криза, Германија ќе има повисоко државно задолжување отколку што се претпоставуваше. Владата донесе одлука за зголемување на новото задолжување за 10,7 милијарди евра, со што долговите за тековната година би се зголемиле на вкупно 47,6 милијарди евра, што е рекордно задолжување досега.

Milliardenprogramm gegen Arbeitslosigkeit

Бројот на невработени лица во Германија во мај изненадувачки се намалил на 127 илјади и сега изнесува 3 милиони и 458 илјади. Стапката на невработеност, и покрај економската криза со која се соочува земјата, со тоа се намалила за 0,4 насто и изнесува 8,2 проценти, соопшти денеска Сојузната агенција за труд во Нирнберг. Пред точно една година таа изнесуваше 7,8 насто. Шефот на агенцијата Франк Јирген Вајзе меѓутоа предупреди дека во никој случај не може да се говори за тренд на промена, туку оти ваквите бројки се должат на задоцнетиот традиционален пролетен стопански подем во земјата.

Автор: СН/ЖА/дв

Редактор: Александра Трајковска