1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Американската емисиона банка гледа први знаци на попуштање на рецесијата. Стопанството во земјата и натаму бележи пад, но се забавува темпото на опаѓање на стопанските активности, рече Бен Бернанки, шеф на Фед-банката.

default

Надеж во олабавување на кризата

Потрошувачката, најважниот столб на американското стопанство, се стабилизира, но останува зависна од состојбата на пазарот на работна сила, каде и натаму расте невработеноста, како и од кредитните услови. Позитивни сигнали има и кај состојбата на финансиските пазари. Во моментов, не се планирани натамошни мерки за поттик на конјуктурата. Фед-банката проценува дека е минимален ризикот од инфлација во Америка, најголемата национална економија во светот.


Јапонските автомобилски концерни профитираат од премијата за расходување на стари автомобили во Германија.

Japan Automobilindustrie Wirtschaft Symbolbild Exportdefizit

Во првиот квартал од годинава, тие пласираа околу 120 илјади нови возила на германскиот пазар, што претставува пораст од 31 процент во однос на истиот период минатата година. Во март, дури за 41 процент е поголем бројот на новорегистрирани возила од јапонско производство во Германија.


Најголемиот светски хемиски концерн БАСФ на почетокот од годинава бележи голем пад на побарувачката. „Пресврт не е на повидок“, рече денеска Јирген Хамбрехт, шеф на концернот. Привременото подобрување на бизнисот во одделни региони и во одделни бранши не е траен знак за почеток на фаза на подем, оценува БАСФ.


Загубата на концернот за полупроводници „Инфинеон“, во вториот деловен квартал, е намалена и изнесува 258 милиони евра. Кризата тешко го погоди „Инфинеон“, но во концернот гледаат расветлување на хоризонтот. Приходите ќе растат, посебно во одделот за чипови за мобилна телефонија, кој со полупроводници ги снабдува, покрај другите, „Нокиа“ и „Ејпл“.

Автор: Хајнрик Беме/ Андреас Бекер/ Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска