1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Кина бара реформа на ММФ и Светската банка. „Фолксваген“ наскоро број 1 меѓу производителите на автомобили во светот? „Џенерал Моторс“ 9 месеци ќе го прекине производството. Со висока добивка „Ејпл“ и’ пркоси на кризата.

default

Можеби уште во текот на пролетва „Фолксваген“ ќе ја премине „Тојота“ и ќе стане најголем светски производител на автомобили

На претстојниот викенд во Вашингтон ќе се одржи традиционалната пролетна средба на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Централна тема, се разбира, ќе биде светската финансиска криза. Спроти средбите, Кина побара реформа на тие организации. „Кризата потекна од индустриските земји, а Меѓународниот монетарен фонд претходно воопшто не даде знак за предупредување, ниту коментари, дијагнози или рецепти. Тука очекуваме подобрувања. Мора да бидат реформираани меѓународните организации, оти имаат многу слабости“, рече шефот на кинеската емисиона банка Жу Џаочуан.

**************************************

Институтот на германскто стопанство проценува дека глобалната економска криза има помало влијание врз новите германски покраини, отколку врз западниот дел на земјата. Од кризата најсилно се погодени индустриските региони во Баварија, Баден Виртемберг и Северна Рајна Вестафалија - тие го носеа стопанскиот подем, па затоа и посилно страдаат од рецесијата, оцени институтот.

***************************************

Најголемиот светски производител на автомобили „Тојота“ во првиот квартал од годинава продаде за 27 проценти, или во апсолутна бројка 1,76 милиони автомобили помалку, отколку во истиот период лани. Во меѓувреме, најголемиот европски производител „Фолксваген“ е на пат можеби уште во текот на пролетва да ја надмине „Тојота“ и да го преземе приматот во браншата на производители на автомобили.

****************************************

Американскиот автомобилски концерн „Џенерал Моторс“ планира во летните месеци да ги затвори најголемиот дел од своите производствени погони и тоа во траење и до девет месеци. Тоа е реакција на падот на продажбата и на растечките залихи од непродадени возила.

****************************************

За иднината на „Опел“, фирма-ќерка на „Џенерал моторс“, во медиумите се најавува дека кај германската сојузна влада расте готовноста за давање државни гаранции, во случај да се најде инвеститор кој би го откупил „Опел“. Денеска во германските медиуми беше објавено дека заинтересираност најавил „Фиат“.

****************************************

И во вакви кризни услови има и претпријатија кои добро работат. Производителот на компјутери „Ејпл“ во првите три месеци од 2009 неочекувано ја зголеми добивката за 15 проценти и таа изнесува 1,2 милијарди долари. Вкупниот приход порасна за девет насто и достигна 8,2 милијарди долари, пред се’ благодарение на добрата продажба на ај-фон.


Автор: ЗЈ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска