1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Економската криза се шири и ќе трае подолго, предвидува член на Европската централна банка. Продажбата на нови автомобили во Европа, во јануари, опадна за 26 проценти во однос на истиот месец лани.

default

Австралискиот сенат ја отфрли конјунктурната програма со обем од 42 милијарди австралиски долари, односно 21 милијарда евра, предложена од владата. Таа претходно беше одобрена од Долниот дом на парламентот. Конзервативната опозиција аргументира дека не сака на идните генерации да им остави толку високи долгови. Премиерот Кевин Рад веднаш најави дека пакетот повторно ќе го поднесе на гласање.

***********

Ерки Ликанен, член на Европската центрана банка и шеф на Централната банка на Финска, предупредува дека кризата ќе се заострува, иако, како што вели, „се покажува извесно подобрување во некои делови од финансискиот систем“. „Се чини дека економската криза се шири и дека ќе трае подолго“, вели Ликанен и укажува дека насекаде се забавува стопанскиот пораст, а светската трговија опаѓа.

**********

Кинескиот извоз во јануари годинава забележа пад од 17,5 проценти во однос на истиот месец лани. Тоа има значителни последици на пазарот на работна сила. Владата очекува дека најмалку 20 милиони таканаречени работници-мигрантиќе останат без работа. За поттикнување на конјунктурата, владата планира да инвестира 453 милијарди евра.

**********

Кинескиот државен концерн за алуминиум Киналко планира да го удвои својот удел во автралискиот рударски концерн Рио Тинто на околу 18 проценти. Инвестицијата би изнесувала преку 15 милијарди евра и е најголема кинеска инвестиција во некое странско претпријатие.

**********

Германскиот хемиски и фармаколошки концерн Бајер сака да ја зацврсти позицијата на кинескиот пазар со изградба на истражувачки и развоен центар во Пекинг. Инвестицијата би изнесувала 100 милиони евра во наредните пет години. Во центарот би биле развивани лекови за Кина и за другите азиски земји.

**********

Продажбата на нови автомобили во Европа во јануари опадна за 26 проценти во однос на истиот месец лани. Падот е поголем отколку што очекуваа во Европското здружение на автомобилската индустрија и најголем откако организацијата води таква статистика. Најсилно е погодена Шпанија, каде продажбата опадна за 43 проценти. Минусот во Германија изнесува 16 насто.

**********

Најголемиот светски производител на челик АрселорМитал забележа нето-загуба од 2,63 милијарди долари во последниот квартал од минатата година. Причина, според претпријатието, е намалената побарувачка на челик.