1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Вести за актуелности од стопанскиот живот

default

Падот на курсот на еврото - поттик за германскиот извоз

Европските стопанственици оценуваат дека со глобалната финансиска криза уште повеќе ќе порасне значењето на Кина. Таа е „едноокиот меѓу слепите. Кина секако ќе биде големиот добитник и европските претпријатија ќе мора да се прилагодат на тоа“, вели Јерг Вутке, претседател на Европската трговска комора во Кина.

Курсовите на акциите на берзите во Азија денеска бележат голем пад: во Јужна Кореја падот изнесува осум насто, водечкиот азиски индекс, јапонскиот Никеи, загуби два ипол процента - иако повремено беше во минус и до седум проценти, во Хонгконг минусот изнесува 5,7 процентни поени. Негативен е трендот и на берзите во Австралија и Нов Зеланд. Врз таквиот развој влијаеше негативата на американскиот Дау-Џонс индекс од 5,7 насто од претходниот ден, како и стравот од светска економска криза.

Американскиот министер за финансии Хенри Полсон проценува дека кризата на финансиските пазари ќе трае уште неколку месеци, но потоа стопанството ќе се опорави. И американските хипотекарни банки очекуваат лесно опоравување на конјунктурата од средината на наредната година.

Вредноста на еврото константно опаѓа, а германското стопанство очекува од тоа позитивни импулси за извозните зделки. Еврото вчера падна и под 1,28 долари, најниска вредност за последните 20 месеци. Пред само три месеци едно евро чинеше 1,6 долари.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема