1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Избор од вести од областа на економијата: нервозата на берзите продолжува - прво големи скокови по најавените финансиски шприцови од државите, па повторно драстични падови. Кризата ни оддалеку не е надмината.

default

Стравот од глобална рецесија денеска повторно ги стави под голем притисок меѓународните пазари на акции. Њујоршката берза доживеа втор најголем пад забележан во еден ден досега воопшто. Се проценува дека како последица на кризата само во Њујорк ќе останат без работа 165 илјади луѓе, од нив 35 илјади во финансискиот сектор. Изутрината големи падови на курсевите имаше и на берзите во Азија.

****************

Со оглед на напнатата состоја на пазарите на пари, Европската централна банка засилено ги снабдува со пари деловните банки. Во еднонеделната зделка Централната банка им додели на деловните 171 милијарда долари.

*****************

Светската трговска организација (СТО) формира експертска група која ќе ги набљудува влијанијата на финансиската криза врз меѓународниот пазар. „Една третина од светското стопанство се’ уште располага со голем потенцијал за стопански раст, посебно во земјите во развој. Со трговијата мораме да обезбедиме тој мотор да продолжи да работи“, вели шефот на СТО Паскал Лами.

******************

Германската влада денеска ја изнесе есенската конјунктурна прогноза. Со оглед на финансиската криза, министерот за стопанство Михаел Глос очекува раст на стопанството во наредната година од само 0,2 насто, што се совпаѓа со прогнозите на експертите. Во пролетната прогноза стануваше збор за очекуван раст од 1,2 насто.

*****************

Германските извозници ги коригираа очекувањата за наредната година - поради кризата, наместо 4, сега прогнозата ја сведоа на раст од само два ипол процента.

******************

Швајцарската влада, Националната банка и Комисијата на банките договорија пакет-мерки за јакнење на финансискиот систем. Се предвидува засилување на заштитата на вложувачите и мерки за подршка на банката УБС.

*****************

Државните фондови од земјите на Блискиот исток и Азија засилено купуваат акции на европски и американски претпријатија, оти условите поради кризата се поволни. Минатата година државните фондови на земјите извознички на нафта инвестираа преку 43 милијарди евра во европски и американски концерни.