1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Избор од вести од стопанскиот живот

default

Саемот ИФА во Берлин годинава донесе рекорди

Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД ја коригира надолу - од 1,9 на 1,5 насто проценката за стопанскиот раст во Германија годинава. Истовремено, ОЕЦД ја поправи прогнозата во однос на тековите во американското стопанство  - наместо првично предвидуваните 1,2 процента, сега се оценува дека растот ќе биде доста посилен и ќе изнесува 1,8 проценти.


Норвешка консеквентно го надградува својот државен фонд и проценува дека во 2020-та година тој ќе достигне вредност од еден билион, односно илјада милијарди долари. Според директорот на Министерството за финансии Мартин Сканке, веќе денес во фондот се слеани 400 милијарди долари, што е еднакво на целокупниот годишен домашен бруто-производ на земјата. Во државниот фонд се префрлуваат средства пред се’ од приходите од нафта, кои се инсветираат во акции и пензиски фондови, а тој е наменет како заштитна резерва за идните генерации.


Вредноста на доларот расте, побарувачката на нафта силно опаѓа, а со тоа паѓа и цената на нафтата - за 25 проценти во изминатите седум недели. По рекордната вредност од 147 долари кон средината на јули, таа сега е дури и под 106 долари за барел.


Одамна погодена од хронична енергетска криза, земјата-организатор на наредното светско фудбалско првенство Јужна Африка, според владините проценки, мора да инвестира околу 100 милијарди евра само во струјниот сектор. Потребата од енергенси е драстично зголемена, а недоволно се инвестирало во обнова на системот. Исклучувањата и рационирањето во снабдувањето со струја веќе му донесоа загуби на стопанството, што се изразуваат во милијарди.


Аргентина има намера да ги отплати долговите од околу 6,7 милијарди евра спрема доверителите од таканаречениот Париски клуб. Парите ќе бидат префрлени од резервите на аргентинската централна банка. Земјата сака да се врати довербата во неа на меѓународните финансиски пазари.


Меѓународниот саем за електроника и комуникации ИФА, што беше затворен синоќа во Берлин, ги надмина сите очекувања. Договорени се нарачки во вредност од 3 милијарди евра. Во претходните 6 денови саемот забележа 220 илјади посетители, а бројот на посетителите од струката беше дури за една четвртина поголем. Учествуваа 1245 излагачи од 63 земји, најмногу досега. Ова пред се’ се должи на дополнителната презентација и на бела техника. „Белата техника дефинитивно е лајф-стајл. Повторно радо се готви дома, се руча со пријатели. Кујната веќе не е работен простор што се затвора, туку се живее во кујната и радо се покажуваат убавите апарати“ - го образложува трендот Штефани Кивит од производителот на такви апарати Сименс.


Во Германија во последната година поефтинија и тоа за повеќе од десет насто производи како лаптоп-комјутери, мобилни теелфони и дигитални камери. Најголем пад забележаа цените на лаптопи - за една цела четвртина. Овој вид техника во Германија е пет насто поефтин отколку просекот во ЕУ. Најниски се цените во Бугарија, највисоки во Финска и Данска.


Малиот автомобил Смарт најдоцна за 4 години ќе биде масовно понуден на пазарот со погон на струја од литиум-јонски батерии. Производството во мала серија ќе започне уште кон крајот на наредната година, соопшти концернот Дајмлер.


►◄