1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Во Берлин е отворена за посетителите годинашната ИФА - саемот на електроника и телекомуникации. На 122 илјади квадратни метри изложбена површина се претставуваат фирми од 63 земји, застапени се и апарати за домаќинство.

default

Тренд - се‘ потенки екрани

Во јули продолжи позитивниот тренд на пазарот на работна сила во Германија. Во моментов во земјава има 3,2 милиона невработени, 10 илјади помалку отколку во претходниот месец и 500 илјади помалку од истиот месец лани.

Велика Британија доживува стопанска стагнација за прв пат по 16 години, односно 63 последовни квартали. Наспроти прогнозираната стапка на пораст од само 0,2 процента, во периодот од април до јуни домашниот бруто-производ не забележа никаков пораст.

Ирак и Кина ја договорија најголемата нафтена зделка по соборувањето на режимот на Садан Хусеин пред 5 години. Договорот има вредност од три милијарди долари. Кинезите со тоа ги истиснаа другите големи енергетски фирми во обновата на бизнисот со Ирак

На речиси три недели по силната експлозија, повторно тече нафта од Кавказот низ нафтоводот Баку-Тбилиси-Чејхан. Експлозијата предизвика штети на пумпната станица западно од турскиот град Ерзинчан, кои се во меѓувреме отстранети. Нафтоводот води од Каспшиското море, преку Грузија до Турција.