1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Цената на златото на светските пазари продолжува да паѓа и за првпат годинава отиде под 800 долари за унца. Заздравувањето на курсот на доларот,кој деновиве е околу 1,47 за едно евро ја притиска надолу цената на златото

default

Во месечниот извештај на германското министерство за финансии се проценува дека и во наредниот период не може да се очекува пресврт ни кај извозот, ниту кај индустриското производство или приватната потрошувачка во земјата. Но, владата останува на прогнозата за очекуван стопански раст во 2008-ма со стапка од 1,7 насто годишно. Домашниот бруто-производ во првиот дел од годинава, сепак, опадна за 0,5 насто - за прв пат во последните 4 години.

Од друга страна, пак, конјунктурните очекувања на германските финансиски експерти во август неочекувано се подобрија за 8,4 процентни поени во однос на претходниот месец. Тие предвидуваат робустен развој кај конјунктурата.

Kонјунктурните проблеми не се одразуваат врз пазарот на работна сила во Германија. Експерти очекуваат дека невработеноста и во 2009-та ќе опаѓа, иако со позабавено темпо. И натаму овде има пријавено поголем број слободни работни места, отколку во моментот на кулминација на конјунктурниот циклус. Минатата година бројката на вработените во Германија се зголеми за еден ипол милион и достигна 34,3 милиони.

Франција годинава оди по работ на рецесија. Националната емисиона банка проценува дека во тековниов квартал ќе биде забележан раст на стопанските активности од само 0,1 насто. Домашниот бруто-производ во првиот дел од годинава опадна за 0,3 процентни поени. Се страхува дека трендот ќе продолжи и во третиот квартал, со што земјата би можела да западне во техничка рецесија.

Американската инвестициона банка Морген - Стенли оценува дека не е на повидок скорешен крај на финансиската криза во САД. Тоа може да се очекува веројатно дури кон крајот на наредната или во 2010-та година. Во меѓувреме се очекува и други банки да се соочат со непремостливи тешкотии, што сепак нема да ја загрози водечката улога на големите американски банки во светот.