1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Вести од стопанскиот живот - Цената на нафтата се стабилизира по периодот на опаѓање: кај земјите на ОПЕК таа сега изнесува нешто под 115 долари за барел, а кај другите понудувачи околу 117 долари

default

Концернот Линде од Минхен во првите шест месеци од годинава го подобри оперативниот резултат за 15,4 насто и тој изнесува 1,258 милијарди евра. „Ги имаме сите причини со оптимизам да гледаме во иднината“, изјави шефот на Управниот одбор на фирмата Волфганг Рајцле.


Извозот на германската автомобилска индустрија во јули опадна за 6 проценти. Истовремено, според податоците на Здружението на производителите на автомобили, бројката на новорегистрирани возила во Германија е зголемена за 2 процента. Тоа е во рамките на очекувањата, но изостанува посакуваната динамика.


Најголемиот американски производител на автомобили Џенерал Моторс доживеа драматичен пад во вториот квартал: само во периодот април- јуни забележа загуба од 15 ипол милијарди долари, односно околу 9,7 милијарди евра. Минусот е предизвикан од сломот на северноамериканскиот пазар на автомобили, како и од трошоците на реструктруирањето на концернот. Ова предизвика пад на вредноста на акциите на Џенерал Моторс за 11,21 долар по акција, а беа очекувани само 2,63 долари по акција.


Авиокомпанијата Бритиш Ервејс објави драматичен пад на добивката во првиот квартал за цели 88 проценти. Сепак, таа и натаму има позитивен деловен биланс - бруто добивката во тој квартал изнесува 47 милиони евра. И за целата година компанијата очекува само мала добивка.


►◄