1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања

Рекордна казна за „Тојота“ во САД поради прикривање на техничките проблеми кај автомобилите. Во Германија се фрлаат 20 милиони тони храна годишно. Бавно опоравување на јапонското стопанство

default

„Тојота“ подготвена да плати

Рекордна казна за „Тојота“

Најголемиот светски производител на автомобили „Тојота“ искажа подготвеност да и’ плати на американската влада рекордна казна од 32,4 милиони долари (24,6 милиони евра) поради две серии проблеми кај новопроизведени автомобили. Во соопштението на „Тојота“, објавено во Токио, се вели дека ова не значи и признание за вина, односно дека биле прекршени безбедносните услови за автомобили во САД. Американските власти му префрлуваат на јапонскиот автомобилски концерн дека ги прикривал проблемите.

Toyota Prius

Во Германија се фрлаат 20 милиони тони храна годишно

Германскиот министер за земјоделство и заштита на потрошувачите Илзе Ајгнер побара од трговијата и потрошувачите погрижлив однос со прехранбените средства. Според неа, во Германија годишно околу 20 милиони тони храна завршуваат на ѓубриште.

„Билфингер Бергер“ се повлекува од Австралија

Концернот за градежни и услужни дејности „Билфингер Бергер“ направи чекор кон планираното намалување на активностите во областа на градежништвото. Претпријатието од Манхајм ја продаде австралиската фирма-ќерка „Валемус“ за околу 790 милиони евра на австралиската фирма за недвижности „Ленд лиз“. Зделката мора да ја одобрат и австралиските антикартелски власти.

Бавно опоравување на јапонското стопанство

BdT - Wirtschaft in Japan

Јапонците уште ги чувствуваат последиците на кризата

Јапонската централна банка ги остави непроменети каматите, кои изнесуваат одвај нешто над нула проценти. Решението донесено на дводневната декемвриска сесија на монетарниот совет на банката беше очекувано од економистите. Јапонската економија и натаму покажува „предзнаци на умерено опоравување, но опоравувањето како да паузира“, се вели во изјавата на јапонската емисиона банка.

Кина помага во кризата и се залага за подобра соработка со ЕУ

Кина ги подржува мерките за економска стабилизација на ЕУ и ќе им помогне на некои земји од Унијата во надминувањето на должничката криза, изјави вицепремиерот Ванг Ќишан за време на кинеско-европски стопански и трговски дијалог во Пекинг. Заменик-премиерот истакна дека Кина и ЕУ треба да ја подобрат меѓусебната соработка, за заеднички да работат за воспоставување робустен, континуиран и урамнотежен стопански пораст.

Автор: Сабине Фабер/Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска