1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања - избор од стопански вести

Американската економија е на пат на опоравување; ОПЕК не ја промени квотата за црпење нафта; Банките-доверители на Аркандор ја започнаа продажбата на својот удел во акции на туристичкото претпријатие Томас Кук.

default

Американската економија е на пат на опоравување, оценува емисионата банка Федерал ризрв. Во пет од дванаесет дикстрикти на банката економската ситуација е подобрена од средината на јули, во други шест е „натамошно стабилизирана“, се вели во извештајот на банката објавен во Вашингтон. Прометот во трговијата на мало и натаму е севкупно слаб, а непроменето тешка е и ситуацијата на пазарот на работна сила. Стапката на невработеност изнесува 9,7 проценти, што е рекордно високо ниво за последните 27 години. Опоравување се` уште не се забележува ни на пазарот на недвижности.

********************************************

Организацијата на земјите-извознички на нафта - ОПЕК, според очекувањата, не ја промени квотата за црпење нафта. Цената на нафтата ќе зависи од заздравувањето на светското стопанство, изјави синоќа во Виена Али ал-Наими, министер за нафта на Саудиска Арабија. Стопански пораст ќе значи и пораст на цената. Последната промена на квотата беше извршена на крајот од 2008 година, кога количеството на нафта што треба да ја црпат земјите на ОПЕК беше намалено за рекордни 4,2 милиона барели. Цената на еден барел, односно 159 литри, таканаречена лесна нафта се движи околи 71 долар, наспроти 32 колку што изнесуваше лани во декември. Земјите на ОПЕК црпат две третини од вкупното светско производство на нафта.

********************************************

Банките-доверители на инсолвентниот германски концерн Аркандор ја започнаа продажбата на својот удел во акции на туристичкото претпријатие Томас Кук, кое е во сопственост на Аркандор, но 43,9 проценти од акциите беа дадени како залог за кредит изразен во милијарди евра. Акциите ќе бидат пласирани по забрзана постапка. Главни банки-доверители во овој случај се Баварската покраинска банка, Комерцбанка и Ројал бенк од Скотланд. Томас Кук, инаку, работеше успешно, и покрај кризата на концернот-мајка Аркандор.

Автор: ЗЈ/ТТ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска