1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски пулсирања - економски вести

Во Германија неочекувано повторно пад на невработеноста. Европската централна банка не треба да ги покачува каматите. Дојче банка трет квартал со добивка.

default

Невработеноста во Германија неочекувано повторно значително опадна - без работа се околу 3 милиони и 229 илјади луѓе, односно 118 илјади помалку отколку во септември. Стапката на невработеност опадна за 0,3 процентни поени и сега изнесува 7,7 насто.

*************************************************************************

Во моментов не е неопходно покачување на каматата од страна на Европската централна банка, смета Кристијан Нојер, член на Советот на банката и шеф на француската национална банка. Во моментов каматата изнесува еден процент и е на најниско ниво воопшто досега. Нојер проценува дека мора да се задржи политиката на евтин капитал. Во зоната на еврото за наредната година се прогнозира инфлација од 1,2 процента, што е значително под целта на Европската централна банка, инфлацијата да ја одржува на ниво до 2 насто.

************************************************************************

Дојче банк оствари добивка од 1,4 милијарди евра во третиот квартал од годинава, што е три ипол пати повеќе отколку лани во истиот период. Добивката за првите девет месеци од 2009 година изнесува 3,6 милијарди, наспроти ланските 918 милиони, соопшти претпријатието.

************************************************************************

Најголемиот светски хемиски концерн БАСФ годинава очекува значително помал промет и добивка, и покрај стабилизирањето на општите економски услови. Нето-добивката во третиот квартал изнесува 237 милиони евра, што претставува пад од 69 проценти споредено со лани.

И концернот Хенкел со скепса го очекува крајот на годината, и покрај солидните резултати во третиот квартал, кога оствари добивка од 385 милиони евра.

**************************************************************************

Индустриското производство во Јапонија веќе седми месец последовно бележи пораст - во септември беше повисоко за 1,4 насто во споредба со август. Јапонското е второ најголемо стопанство во светот.

Автор: Ролф Венкел/Моника Ломилер/Зоран Јордановски

Редактор: Жана Ацеска