1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економски вести

default

Потрошувачите на гас во Германија, според весникот Билд, мора да се подготват на зголемување на цените. Концерните за гас имаат намера да ја зголемат цената за 10 до 15%, или преведено во евра – едно четиричлено смеејство кое годишно за просечна потрошувачка на гас плаќало 1 400 евра, сега ќе мора да плати над 1 600 евра.

*************************************************************************

Цената на гасот ќе се зголеми, а цената на нафтата нема да се намали. Барем не во наредната година. Еврокомесарот за енергија, Андрис Пибгалс, смета дека цената на бензинот ќе се намали најрано во 2007 година. Главни виновници за рекордните цени на нафтата, според Пибгалс се економската состојба и капацитетот на рафинериите. Краткорочно не може да се очекува промена на факторите кои доведоа до зголемување на цените на црното злато, вели еврокомесарот за енергија.

*************************************************************************

Изборите во Германија се за десет дена. Тие чинат големи пари, но за некого значат и профит. На пример за германската пошта. Екстра профитот на поштата поради изборите изнесува 20 милиони евра. Поштата ги доставува известувањата за избори до општините, а тука се и гласањата со писма. Приватната конкуренција, во делот на доставување писма за изборите и изборна документација има многу малку работа, затоа што како што вели претставник на Германската пошта – општините нејзе најмногу и веруваат.