1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економските мудреци со критики за владата

Советот на економски експерти во Германија денеска (13.11.09) ја објави годишната прогноза за економскиот развој. Тие предвидуваат посветли времиња, но жестоко ги критикуваат планираните економски мерки на новата влада.

default

Петтемина т.н економски мудреци

Петте економски мудреци, во својата прогноза за стопанскиот развој на Германија во наредната година, предвидуваат дека економскиот раст ќе изнесува 1,6 проценти, што е за 0,4 проценти повеќе од прогнозата на германската влада. Овие врвни економски експерти ја советуваат владата за клучните прашања од финансиската и економската политика. Тие, покрај тоа, предвидуваат дека невработеноста во земјата, во просек, на годишно ниво ќе се зголеми за половина милион и ќе изнесува 4 милиони.

Државен дефицит од 5,1 насто

Државниот дефицит на Германија, според проценката на

Die Wirtschaftsweisen legen ihren Jahresbericht vor

Годишниот извештај сега е во владата

експертите, во наредната година ќе се искачи на 5,1 процент од брутодомашниот производ, што е далеку над горната граница што ја дозволува Пактот за финансиска стабилност на земјите членки на еврозоната.

Со оглед на ваквата буџетска дупка, петтемина економски мудреци жестоко ги критикуваат плановите на новата германска владина коалиција за намалување на даноците. Даночни олеснувања кои не се финансираат од други извори не соодветствуваат на сериозна финансиска политика, велат експертите.

Како владата ќе ги намали долговите?

Според нив, само економскиот раст не ги решава проблемите и затоа во 2011 година мора стриктно да се штеди. Тие, покрај тоа, критикуваат дека во договорот за новата владина коалиција меѓу демохристијаните и либералите останало целосно отворено прашањето како владата ќе ги намали долговите кои драстично нараснаа во борбата против финансиската криза.

Наместо консеквентна стратегија за консолидација, во договорот има само најави, се вели во извештајот на петте мудреци.

Автор:СН/БГ/дпа/ртре

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска