1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економските ефекти на олимпијадите

Олимписките игри во текот на годините стануваа се посилен економски фактор за сите учесници. Дали градот домаќин и нацијата, спонзорите, фирмите или посетителите и туристите – сите ги чувствуваат економските ефекти.

Олимпискиот парк во Атина

Олимпискиот парк во Атина

Што значи тоа, истражуваше експертот за спортска економија од Мајнц, Холгер Пројс. Почнувајќи од олимписките игри од 1972 година во Минхен, па се до Атина, тој истражуваше како се ангажираат приватниот и јавниот сектор во подготвките на спортскиот фестивал. Врз онсова на тоа тој фрла поглед и врз Олимписките игри во 2008 во Пекинг.

Мега настаните како олимписките игри обезбедуваат протек на големи пари во регионите што не овозможува само засилен туризам за време на одржувањето, туку и видливо подобрување на инфраструктурата. Најдобар пример за тоа е германскиот, вели професор Пројс, имено Олимпијадата во 1972 година:

“Минхен профитираше фантастично од олимписките игри. Се тврди дека е постигнат развоен скок за кој се потребни 12 до 15 години. Многу проекти што беа планирани за долгорочна изградба, беа многу побргу развиени, па Минхен од средно голем град, стана важна светска метропола“.

Она што важи за Минхен во помали размери важи и за Лајпциг, иако не му успеа кандидатурата за 2012 година, но ќе профитира во градежништвото. Меѓутоа, за олимписките игри од 1996 година тоа не е случај:

“Атланта веќе имаше добра инфарструктура и не мораше многу да инвестира. Кој гради помалку, секако помалку и профитира. Единствениот ефект таму беше ефектот на Олимписките игри: големата посета на туристи, во тие 4 до 6 недели“.

Слични на игрите во Атланта беа и оние во Лос Анѓелес во 1984 година. Американскиот олимписки комитет реши манифестацијата да биде приватно финансирана од спонзорите, влезните билети, сувенири и од посетителите:

“Сосема различно е сега во Атина каде што има нов аеродром одамна потребен, мрежа на метро, вкупно целиот јавен сообраќај е многу подобрен, па и самите Атињани забалежуваат дека многу добиле“.

Пројс уште додава:

“Олимпсиките игри им помагаат на градовите или на цели држави, како на пример на Сиднеј и на Австралија, да го подобрат вкупниот имиџ. Тоа значи дека многу повеќе луѓе размислуваат дека би сакале таа земја да ја посетат уште еднаш или таму да одат на одмор“.

Покрај светските фудбалски првенства, Олимписките игри се глобален телевизиски настан. Така телевизиксите права од Минхен до Атланта за 24 години за петпати ја зголемија вредноста.

По Атина, вниманието на светската јавност ќе се префрли кон Азија. Пекинг е домаќин на игрите во 2008 година и има намера овој мега настан да го инсценира како уште поубав, подобар и пред се како најголем. Притоа спортот треба да послужи како мотор за економскиот развој на целата земја:

“И индустријата има намера да се претстави од својата најдобра страна. Не залудно мотото на игрите е “Хај – тех гејмс“. Кинезите воопшто нема да се обидат да се навраќаат на антиката како што направи Атина, туку имаат намера да се претстават како модерна земја. Презентирањето на земјата е едниот ефект, вториот е дека Кина поради ниските трошоци за изградба ќе организира гигантски игри. Она што ќе се гради таму ќе биде за повеќепати поголемо од се што е досега видено на Олимписките игри“.