1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Економскиот развој на врвот од приоритетите во експозето на Груевски

Дали Груевски и Ахмети во нивните трети владини мандати ќе успеат да се справат со спорот за името и со можното прелевање на финансиската криза од Грција како нов предизвик за економското заздравување на земјата?

default

Никола Груевски

Манадатарот ќе го промовира својот владин кабинет и програмски приоритети во предвидливо сценарио на остри парламентарни полемики – кој, колку и за што е виновен околу македонската стагнација во економскиот и демократски развој и застојот во евроатланското сојузништво. Лидерите на владината коалиција, во периодот на владеење без Влада, успеа да изпразнат дел од политичкиот електрицитет на опозицијта со предходните собраниски дебата и поделби на патриоти и предавници.

„ВМРО-ДПМНЕ и пред се’ Никола Груевски се обврза да ги реализира обврските на албанската заедница, која е тука со нас, да и подаде рака и да каже дека државата треба да ја градиме заеднички и во тоа наиде насоодветен одговор од ДУИ“, оценува Слободан Чашуле екс-министер за надворешни во влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Ali Ahmeti, Mazedonien

Али Ахмети ја продолжува традицијата на лидерите на партиите на Албанците да одбегнуваат учество во владата

Зошто албанските лидери одбегнуваат место во владата?

Но владините партнери ќе се соочат со противници кои секогаш ќе ја тестира одржливоста на политичкиот дил меѓу Груевски и Ахмети, не само во прераспределбата на ресорите со што врз ДУИ паѓа одговорноста да се водат евроатланските интеграции, туку и да се решат спорните прашања, во прв ред името.

„ Најаважен приоритет се интеграциите во ЕУ и НАТО, а тоа неможе да се случи без решавање на спорот со Грција. Затоа и ДУИ ја презема огромната одговорност и неизвесност за успешен финиш иако ќе раководи на секторите одбрана и евроинтеграции“, вели за ДВ, Мухарем Зекири, програмски шеф на ТВ Алсат, медиум кој јавно го критикуваше челникот на интегративците во фазата на преговорите околу распределбата на ресорите во новата Влада. Тој смета дека е лоша практиката лидерите на албанските партии да одбегнуваат свое учество во владините кабинети „иако би било нормално Ахмети да биде вицепремиер. Но лидерот на ДУИ направи добар потег кога двајцата партиски потпредседатели Арифи, која беше остар медиумски критичар на Груевски, како и Бејта да ги стави во новата Влада“, оценува Зекири.

„ Ако во ОН се вратат разговорите само за компромис околу географската одредница во името, тогаш наскоро би се очекувало да се најде решение кое нема да задираво идентитетот и националните права на македонците“, сугерира професор Васил Тупурковски, во серијалот на ДВ посветен патот кон самостојна држава..

Mazedonien Regierung Sitzung

Од петок треба да започне работата на новата влада

Грчката криза лесно може да се прелее во Македонија

Новата Влада го започнува својот мандат во време на одбележување на две децении од независноста. Во овој период јужниот сосед стана судбински влијателен врз македонските перспективи. На почетокот со оспорување на името, блокади и вето, сега со непредвидливиот развој во економско-финансиската криза во Грција.

„ Финансиската криза кај Грција нема да ја одмине Македонија и таа лесно може да се прелие кај нас, но и на пазарите на финансиски капитал во Европа. Затоа Влада треба внимателно да презема мерки за заштита на македонската економија“, вели бизнисменот Ристо Гуштеров. Тој смета дека премиерот Груевски треба да ги слуша реакциите на деловните луѓе без политичка суета. „Јас сум негов критичар зашто во изминативе пет години не направи напредок во економскиот развој и привлекувањето на странски инвестиции“.

Напладне старо- новиот премиер ќе го започне експозето за владините приоритети, на чиј врв е економскиот развој. Дали порастот на БОП за 5 насто во последните два месеци е привремен сигнал за подинамичен економски развој?

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Симе Недевски