1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Економската криза ќе ја спаси недопрената природа на Чигоч?

Во природниот парк Лонско поле се наоѓа мало место Чигоч во Хрватска. Овде живеат повеќе штркови, отколку луѓе. Чигоч се наоѓа по течението на реката Сава и е едно од последните недопрени речни области во Европа.

Auf dem Bild: Die Wasserfälle in Nationalpark von Krka. Datum: August, 2011 Autor: Schottka/Flanakin

Природните убавини на Хрватска

На есен небото над местото Чигоч многу ретко се расветлува. Овде живеат едвај 100 луѓе, но затоа, пак, во лето има преку 100 штркови. Во зимскиот период од годината, штрковите се на пат кон топлите краеви, како Африка на пример. Затоа, пак, Чигоч со гордост го носи името: европско село на штрковите –единствено во Европа. Чигоч се наоѓа во природниот парк Лонско поле. Тоа е едно од последните недопрени речни области во Европа. И покрај тоа што местото по течението на реката Сава важи за загрозено од поплави, сепак изобилува со невидено животинско богатство, особено за птиците ова е вистински рај. Меѓутоа, областите со пејсажи покрај реката Сава се само акутно загрозени, бидејќи низводно треба да се гради канал, кој ќе ги поврзе Сава со Дунав.

Каналот треба да овозможи побрз сообраќај

Каналот треба да биде долг околу 60 километри со две брани за регулирање на водата. Возењето по каналот треба драстично да се намали: „Се разбира дека за природата е најдобро да не се гради ништо. Но, Хрватска има право стопански да се развива. Мислам дека во овој процес направивме се’што можевме,“ вели Ненад Микулиќ од Министерството за екологија на Хрватска.

Der blaue Storch aus dem brandenburgischen Biegen (Oder-Spree) unweit von Frankfurt (Oder) steht auf seinem Nest, aufgenommen am 24.06.2010. Auf Bitten des Fernsehsenders Rundfunk Berlin-Bandenburg (RBB) wurde die Farbe auf einer Feder des Storches vom Landeskriminalamt (LKA) in Eberswalde am Freitag (25.06.2010) untersucht. Durch eine infrarotspektroskopische Untersuchung wurde festgestellt, dass die Verfärbung auf ein Pigment aus der Gruppe der Kupferphthalocyanine (Blaupigmente PB 15) zurückzuführen ist. Foto: Patrick Pleul dpa/lbn +++(c) dpa - Bildfunk+++

Во местото Чироч живеат повеќе од 100 штркови

Заштитниците на природата одлучно се против градбата на каналот. Тие стравуваат дека каналот, и покрај сите мерки што ќе се преземат, ќе им ја земе водата на влажните области, како што се мочуриштата на пример. „Ќе се поврзат две реки, што до сега не беа поврзани. Со тоа ќе се смени дотокот на вода до најважните влажни области во Хрватска и Европа“, Јагода Муниќ, приврзаник на заштита на природата и член на организацијата „Пријатели на земјата“.

Земјиштето околу Чигоч постојано се поплавува

Природниот парк на селото му донесе значителен стопански подем. Се’ повеќе туристи, повеќе странци, доаѓаат да го посетат Чигоч. „Сезоната е од мај до септември или октомври. Морам да признаам дека тоа не е многу долг период. Меѓутоа, гостите доаѓаат од секаде на светот, од Германија, Франција, Австрија, Канада, па дури и од Јужна Африка“, објаснува Снежана Север, сопственичка на една гостилница.

Но, дали ќе продолжат да доаѓаат гостите доколку овде во иднина седат на сува почва, не се знае.

„Каналот е далеку од нас, но сепак мислам дека ќе има влијание и врз нас. Видете, веќе сега имаме помалку вода во бунарите. Кој знае, како ќе изгледаат работите подоцна?“, се прашува Маријан Павловиќ. Токму ова прашање го мачи и директорот на природниот парк. Изградбата на каналот треба да чини околу 600 милиони евра. За да може да се вратат трошоците треба реката Сава да се оспособи за бродски сообраќај. Тоа, пак, знаќи дека ќе дојдат багерите и булдожерите и тогаш паркот Лонско поле навистина ќе биде загрозен.

Das Quellgebiet der Save befindet sich in Slowenien - in den Julischen Alpen.

Изворот на реката Сава

Има ли шанси природата да остане недопрена?

„Притисокот ќе расте за да се овозможи бродски сообраќај по реката Сава. На тој начин ќе порасне и притисокот да се превземат одредени градежни мерки во оваа област. Тоа, се разбира, ќе влијае врз националниот парк и речната област“, вели Гордан Гугиќ од националниот парк Лонско поле. Постои уште една шанса да се спаси паркот, а тоа е финансиската криза. Таа би можела да ги урне плановите и природниот рај покрај Сава да остане недопрен.