1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Економијата- колатерална жртва на корупцискиот скандал во Турција

Премиерот Ердоган со години важеше за носител на надеж, кој помогна Турција да оствари досега невиден економски пораст. Но владата на Ердоган ја потресува и досега невиден корупциски скандал а страда токму стопанството.

Неговата порака е јасна: Владата на Реџеп Тајип Ердоган мора да замине. Весникот кој го продава е критички глас во турскиот медиумски пејсаж. Хасан Ортатепе веќе го бркале два пати, поради кревање врева.

„Во Турција во моментов не постои слобода на медиумите. Овде на плоштадот насекаде е бучно. Станува збор за намера да ме спречат да го продавам весникот. Но јас нема да заминам.", вели Ортатепе,колпортер на весникот „Ајдинлик"

Плоштадот Таксим во центарот на Истанбул. Полицијата се држи на страна, но во секој момент е подготвена да интервенира. Пред само неколку месеци тука се одржаа масовни протести против политиката на владеачката партија.

Aktienbörse in Istanbul - Türkei

Индексот на акции на истанбулската берза (на сликата) изминативе денови се намали за околу 10 проценти


Во последните 10 години Турција брилјираше со својот економски пораст од просечно 7 проценти годишно. Сега конзервативците се во меѓусебен конфликт. Причина - корупцискиот скандал.

„Тоа е внатрепартиски конфликт меѓу последните две крила во партијата, кој сега јавно се одвива. Политичкиот ризик е на одреден начин зголемен и од тоа секако има последици за економијата.", објаснува Франк Кајзер, германско-турска индустриска и трговска комора.
Ситуацијата особено внимателно ја следат германските претприемачи, како германско-турската семејна компанија Ланг и Јузер. Во фирмата неодамна почна да работи и ќерката на турскиот основач на фирмата. Како и нејзиниот татко, поголемиот дел од животот и таа го поминала во Германија. Животот во Турција за 29-годишната Селма е многу понесигурен: „Тука живеам можеби 7 или 8 месеци. Пред тоа студирав и за тоа разговаравме и на предавањата. Сметам дека многу луѓе ќе имаат страв бидејќи не знаат што ќе сторат турските политичари. Сѐ се менува во Турција. Никогаш не знаете што ќе се случи утре."

Нејзината компанија, меѓу останатото, произведува и гумени дихтунзи за автомобилската индустрија. Требало да бидат набавени 3 нови преси, но во моментов сите инвестиции се ставени во мирување.

Во индустриската зона Черкезкој, од Истанбул одалечена околу еден час возење, се наоѓа седиштето на филијалата на компанијата Флам од Ахен, која за БошСименс произведува делови за шпорети и машини за перење алишта.

Со директорот Туран Нурџан се сретнавме лани во јуни, по бурните протести во главниот турски град. Уште тогаш угледот на земјата претрпе голема штета, смета тој, но сегашната криза уште повеќе го загрижува.

Sechs Nullen weniger

Kурсот на турската лира падна на најниско ниво во историјата

„Посебно сум загрижен поради тоа што во Турција има нестабилност на политичко ниво. За економски успех ни е потребна стабилна и сигурна влада во Турција. Потоа ќе може да уследи и стопански пораст и успешна економија.", вели Нурџан.

На компанијата проблем и претставува пред сѐ слабата турска лира бидејќи некои делови за производството ги купува во Германија. Ако продолжи лирата да губи на вредност, и набавката ќе биде се' поскапа.И луѓето на улица се вознемирени. Колпортерот Хасан вели: „Сите се лути. Јас сум лут исто така. Зарем не гледате дека Турците веќе не се добро расположени како порано?"

Иако на плоштадот Таксим во моментов е мирно, корупцискиот скандал сѐ уште не е завршен, а во март ќе се одржат локални избори.