1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕКОВАС испраќа трупи во Мали

Заедницата на западно-африкански држави ЕКОВАС донесе одлука да испрати трупи за интервенција во кризната држава Мали

Мандатот на единиците кои ќе бројат 3300 војници треба да трае преку една година, соопшти претседавачот на ЕКОВАС и претседател на Брегот на Слоновата Коска, Аласане Уатара, по самитот на организацијата оддржан во нигерискиот град Абуџа. По воениот пуч во Мали во март годинава, исламистите го ставија по сопствена контрола практично целиот северен дел на земјата и таму го спроведуваат шеријатското право. Соседните држави но и земјите од Западот стравуваат дека северен Мали може да се претвори во прибежиште за исламските терористи. Со планот направен од експерти на ЕКОВАС, ОН, Европа и на Африканската унија,се предвидува војниците да им помогнат на властите на Мали да ја преземат контролата врз своите западни територии кои се заземени пред половина година од страна на исламските екстремисти.

Проектот треба да биде одобрен од СБ на ОН пред да почне да функционира.

Дипломат кој учествувал во преговорите изјави дека државите од Западна Африка биле едногласни дека е потребно воено присуство. Според него, државите од заедницата се договориле да испратат 3.300 војници, а во операциитеќе се вклучат и околу 5.000 војници од Мали.