1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Еклстон под притисок поради наводен поткуп

Шефот на Формула 1 Берни Еклстон е под притисок - правосудните органи подготвуваат обвинение против него и тоа, како што тврди весникот „Зидојче цајтунг“, со „засилено темпо“. Британецот наводно поткупувал.

Германските ѕвезди на Формула 1 претстојниов викенд (21/22.07) ќе возат на домашен терен - Големата награда на Германија ќе се вози на Хокенхајмринг. Шефот на Формула 1 Берни Еклстон најави дека нема да присуствува на трката. Доколку дојде, тоа би можела да биде непријатна посета, зашто обвинителството од Минхен „му дише во вратот“.

Тешки обвинувања на сметка на Еклстон

Обвинителството работи на случајот против 81-годишниот Еклстон, пишува „Зидојче цајтунг“. Поранешниот претседател на Управниот одбор на БајернЛБ,

Gerhard Gribkowsky

Герхард Грибковски доби осумипол години затвор и упати тешки обвинувања на сметка на Еклстон

Герхард Грибковски, кој во јуни беше осуден на осумипол години затвор поради поткуп, проневера и затајување данок, даде изјава против Екслтон и на негова сметка упати тешки обвинувања.

Екс банкарот, кој порано беше многу влијателен во Формула 1, призна дека од Еклстон добил 44 милиони долари за продажба на уделот на Формула 1 во Бајерн ЛБ на денешниот сопственик ЦВЦ. Овие изјави Грибковски ги повторуваше пред истражителите за време на осумчасовното сослушување на кое доброволно се согласи.

Еклстон: Бев уценуван

Грибковски, чија одбрана бара ревизија, имаше право всушност да одбие да даде изјава се‘ додека не биде донесена одлуката на судот околу бараната ревизија, но тој тоа не го стори. Обвинителството наводно ги форсира напорите за обвинение против Еклстон поради поткуп „со засилено темпо“.

Еклстон во улога на сведок веќе призна дека му ги дал парите на Грибковски, но тврди дека бол уценуван од негова страна. Милионите биле пари „за молчење“, а не за „поткуп“. Според изјавата на Еклстон, дадена по пресудата за Грибковски, поранешниот банкар наводно лажел и во другите свои тврдења.