1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Е.Кишон - како сатиричар омилен и во Германија

Тој беше популатрен и во Германија: израелскиот писател и сатиричар Ефраим Кишон, кој на осумдесет годишна возраст почина во неделата од срцев удар. Неговата слава во Израел се основа на редица општествено критички сатири. Она што во странство речисии и да не беше забележано се подоцнежните конзервативни колумни во изралескиот дневен печат, на сатиричарот кој потекнува од Унгарија.

“ Некако ја чувствувам мојата старост. Помудар сум од кога и да е, попаметен, пишувам подобро од кога и да е. Но по скалите не се качувам подобро од кога и да е. На скалите почнувам да чувствувам дека оваа бројка има влијание во мојот живот.”

Ова беше Ефраим Кишон во интервју за АРД радио пред половина година. Бројот кој влијае во неговиот живот, е осумдесет, имено писателот и уметникот минатото лето наполни 80 години, библиска старост како што самиот секогаш кажуваше.

Кишон беше роден као Ференц Хофман на 23 август 1924 во Будимпешта. Нацистичкото време го преживеа во работнички логор и во бегство. Но поголемиот дел од неговото семејство падна како жртва на убиствената машинерија на Нацистите.

По војната Кишон студираше вајарство на уметничката академија во Будимпешта, на оваа диплома беше горд до последен ден

“Јас не сум само вајар, јас сум дипломиран вајар. Секој може да се нарече вајар, но јас студирав седум години.”

Во 1949 Кишон се пресели во Израел. Таму го доби името Ефраим

“ Стигнав со доселеничкиот брот “Галина” . Кога се истоваривме на пристаништето во Хаифа, таму седеше службеник. Праша: Презиме? Реков Кишхонт. Напиша: Кишон. Реков: Не со т на крај. Рече: Нема потреба од т. Име? Реков: Ференц. Напиша: Ефраим. Реков: Не Ференц! Рече: такво име нема.”

Ова искуство остави голем впечаток на него, како што самиот подоцна истакнуваше. Прватат средба со израелската бирократија беше во корените на неговото сатирично дело

По псристигнувањето во Израел беше сместен во прифатилиште за новите доселеници. Искуствата кои таму ги собраа се претставени во филмот и мјузиколот Салах Шабати кој постигна голем успех во Израел.

Сепак неговите почетоци во новата татковина не беа едоснтавни . Мораше да учи нов јазик и друг вид на хумотор

Кишон беше популарен и во Германија Неговите книги честопати ги водеа листите на бестселери. Радо и често на бините беа избведувани и театарски престави и мјузикли.