1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Екипажот на вселенската станица ИСС „побегна“

Поради вселенски отпад, остатоци од стар сателит, кој опасно и‘ се приближи на вселенската станица ИСС, екипажот мораше да се сокрие во една Сојуз-капсула.

Шестчлениот екипаж на Меѓународната вселенска станица ИСС се сокри во капсула се‘ додека опасноста од вселенскиот отпад не помина. Фрагменти од еден стар руски сателит прелетаа во опасна близина на вселенската станица. „Опасноста е мината“, соопшти денеска (24.03) портпарол на контролниот центар во Москва. Членовите на екипажот на ИСС добиле наредба да ги соблечат вселенските костуми и да ја напуштат Сојуз-касулата, пренесе агенцијата Интерфакс.

Евакуацијата беше спроведена како мерка на претпазливост, поради тоа што патеката на летање на вселенскиот отпад не можела точно да се пресмета. Според американската всенска агенција НАСА отпадот летал на околу 14 километри оддалеченост од ИСС и немало време за други мерки освен екипажот да се сокрие во капсула.

Вселенската станица ИСС постојано е соочена со опасноста од вселенски отпад или други небесни тела. Станицата, кога има доволно време за маневар, се подига. Според руски наводи, од почетокот на функционирањето на ИСС досега вселенската станица имала 14 вакви маневри.