1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Еквадор стравува од трговска одмазда на САД

Претседателот на Еквадор, Кореа се пожали дека САД подготвуваат трговска одмазда против неговата земја поради политичкиот азил кој му беше даден на Џулијан Асанж

Претседателот на Еквадор Рафаел Кореа ја отфрли како неприфатлива трговската одмазда на САД против неговата држава поради тоа што му беше даден политички азил на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Кореа рече дека суверенитетот на неговата држава не е на продажба, а притисоците од САД ги оцени како форма на неоколонијализам.

Еквадор стравува дека САД нема да го обноват преференцијалниот трговски статус на земјата чија важност истекува на 30 јуни следната година.

„Би требало да е неприфатливо постоењето на трговска одмазда поради давањето азил на некој граѓанин“, изјави Кореа.

Еквадор на 16 август му одобри политички азил на Асанж, кој се засолни во амбасадата на оваа земја во Лондон за да избегне израчување во Шведска каде е осомничен за силување и сексуален напад.