1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Еквадор: Одлуката за Сноуден е во рацете на Русија

Во натегањата околу доделувањето азил на бившиот службеник на американските тајните служби во бегство, претседателот на Еквадор, Кореа, порачува: За судбината на Сноуден треба да реши Русија.

Американскиот специјалист за информатика, кој е во бегство и по кого САД издадоа потерница поради издавање тајна, веќе една недела по спектакуларното бегство од Хонгконг се наоѓа во транзитната зона на московскиот аеродром Шереметјево. Можно е придвижување во случајот - властите на Еквадор, каде Сноуден побара азил и Русија преговараат околу судбината на 30-годишниот бегалец. Еквадорскиот претседател Рафаел Кореа (на фотографијата) игра на време и смета дека на потег е Русија. Барањето на Сноуден за доделување азил може да биде разгледано само ако тој е на еквадорска територија, изјави тој за приватната телевизија Оромар. Експертите мислат дека тоа може да биде и еквадорската амбасада во Москва, но ако се упати таму, Сноуден мора да стапне на руска територија.

САД бараат да не му се даде азил на Сноуден

Американската администрација побара вчера од Еквадор да го одбие барањето за азил, кое до земјата го испратил Едвард Сноуден, екс-соработникот на американската Национална агенција за безбедност кој ги разоткри шпионските програми на Вашингтон.

„Повикот за одбивање на барањето на Сноуден за азил го упати американскиот потпретседател Џозеф Бајден“, истакна еквадорскиот претседател Рафаел Кореа, додавајќи дека двете земји ќе одржат дополнителни консултации по ова прашање.

Кореа нагласи дека „во љубезен разговор“ Бајден ги замолил властите на Еквадор да го одбијат барањето на Сноуден за азил. На барањето на Бајден, Кореа одговориле дека Еквадор не може да ја разгледува апликацијата на Сноуден, бидејќи тој не е „физички присутен на територијата на оваа земја“.

„Оној момент кога тој ќе пристигне тука, доколку тоа го направи, ќе се консултираме со властите во САД, исто како и во случајот со Џулијан Асанж со Велика Британија. Одлуката сепак ќе ја донесеме сами“, изјави Кореа.