1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Еквадор не му дава азил на Асанж?

Претседателот на јужно-американската држава Рафаел Кореја демантираше дека Еквадор се подготвува да му даде азил на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, како што претходно објави весникот Гардијан.

Владата на Еквадор, според информациите на британскиот весник „Гардијан“, донела одлука да му даде политички азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж. На случајот со Австралиецот се гледа како на случај на заштита на човековите права, напиша „Гардијан“ повикувајќи се на владини извори во Еквадор.

Mеѓутоа, претседателот на Еквадор Рафаел Кореја на својата Твитер страница демантираше дека е донесена таква одлука.

Rio+20 Rafael Correa

Претседателот на Еквадор Рафаел Кореја

„Гласините за доделување азил на Асанж се невистинити. Се’ уште не е донесена никаква одлука за тоа прашање. Чекам извештај од Министерството за надворешни работи“, напиша Кореја на Твитер.

Асанж во средината на јуни побегна во амбасадата на Еквадор во Лондон за да го избегне израчувањето во Шведска, каде треба да му се суди за сексуално злоставување.

Асанж стравува дека доколку биде екстрадиран во Шведска, ќе биде предаден на САД, каде му се заканува доживотен затвор поради објавување на американски тајни дипломатски документи на неговиот интернет портал Викиликс.