1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Еквадор му даде политички азил на Асанж

Владата во Кито одлучила да му даде азил на Асанж, откако оценила дека на основачот на Викиликс му се заканува прогон и дека му е загрозена безбедноста.

Министерот за надворешни работи на Еквадор, Рикардо Патињо соопшти дека неговата земја одлучила да му даде политички азил на основачот на Викиликс Џулијан Асанж. Британската влада изрази разочараност од одлуката, но најави дека тоа нема да ја спречи нејзината намера да го екстрадира Асанж во Шведска каде е осомничен за сексуален напад.

Патињо оцени дека Асанж е соочен со политички прогон од страна на САД и други земји, и дека нема да добие фер судење во Шведска.

Британската полиција во текот на денот уапси неколку демонстранти кои се собраа

Ecuadorianische Botschaft in London

Протести пред амбасадата на Еквадор во Лондон

пред амбасадата на Еквадор во Лондон за да му изразат поддршка на Асанж. Собирот започна откако британските власти се заканија дека ќе упаднат во амбасадата за да го уапсат Асанж и да го екстрадираат во Шведска. Основачот на Викиликс одлучи да побара азил и се сокри во амбасадата на Еквадор пред околу два месеци, откако британскиот суд ја одби неговата жалба на одлуката за екстрадиција.