1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕИТИ – за транспаретност во приходите од суровини

Најдоцна од филмот „Крвави дијаманти„ кој предизвика бура, во јавноста се јави нова свест за тоа дека природата и суровните на африканските земји и други делови во светот за тамошните луѓе не се само благослов. Напротив. Парите од трговијата со суровините најчесто исчезнуваат во темни канали или во џебовите на корумпираните службенииц и политичари. Затоа се бара поголема транспарентност.

Африка,извор за суровини

Африка,извор за суровини

Секако добивките од трговијата со суровини може да значат значителен прилог во битката против сиромаштијата. А, токму сиромашните земји се тие што располагаат со најголемите резерви на суровини. Посебно е добро тоа што побарувачката по нив порасна, а со тоа и цените. Но, за приходите од трговијата да бидат добродојдени за тамошното население, мора да биде јавно познато колкави се тие приходи. Во таа насока треба да помогне ЕИТИ, Иницијатива за подобрување на транспаретноста во индустријата за суровини. Целта е да станат транспарентни средставта што фирмите им ги исплаќаат на владите при црпењето на нафтата и другите суровини. Иницијативата ја поддржаа преку 20 влади, приватни фирми, Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд. ЕИТИ ја поддржува и Германија и има намера оваа тема да ја прошири на претстојниот самит на Групата 8 во Хајлигендам. Остин Онуха, претставник на невладината организација за социјална одговорност од Нигерија, смета дека ЕИТИ во принцип е добра, но:

„Тоа е добра иницијатива, но е ограничена. Сметаме дека треба да се прошири. На пример, ЕИТИ доаѓа до извештај за тоа што се случува со приходите од нафата: што ќе прави со него? Тоа е прашањето. Ќе побараат од влада да објасни, но натаму не се случува ништо. Затоа бараме да се оди чекор натаму, од транспарентност до одговорност„.

Освен тоа, Онуха бара ЕИТИ да се прошири и врз другите економски подрачја. Така, во иднина, владите јавно да ги соопштуваат приходите од даноците и царината. Фирмите како Шел, Ексон или други пак, ваквите иницијативи за транспаретност можат да ги искористат и како алиби за да ја покријат вината од минатото, вели Онуха натаму:

„Луѓето од делтата на Нигер беа прогонувани или убивани од негрижата на Шел и другите нафтени фирми. Мислам дека не е фер сега да се каже: да го заборавиме минатото и да одиме натаму„.

Место тоа, нигерискиот активист бара вистинска соработка и отворен дијалог меѓу фирмите што црпат суровини, владите и луѓето во погодените региони на Нигерија. Сумаја Хасан Атмани доаѓа од земја во која се уште не се црпи нафта, но се подготвува за тоа: Кенија. Таа е раководител во Националната нафтена корпорација на нејзината земја и посакува Кенија уште сега да се обврзе на принципите на ЕИТИ:

„Гледаме дека досега ЕИТИ им дозволува членство само на земјите што веќе се производители. Ние велиме: во многу случаи е предоцна, зашто може да се види дека она што се случува меѓу потрагата по нафта и производството, минаваат пет до седум години. За некој што гради систем и сака приходите да се најдат во вистинските раце, тоа е предолг период„.

Значи, не треба да се чека да се востанови лоша практика, вели Атмани која веќе и поради тоа што е жена, па уште муслиманска што носи шамија, е невообичаена појава во нафтените бизнис „резервиран„ за мажите. Уште поневообичаено е тоа што токму националната кенијска нафетна компанија се злага за повеќе транспарентност и конторла. Атмани за тоа вели:

„Ние сме оние што вистна се ангажираме за повеќе транспаретност, за добро владеење на владите и за одгворен финансиски ангажман. Кога зборуваме за тоа со луѓето, понекогаш тие се шокирани, зашто најчесто мислат дека ние порадо работите би ги затскривале. Ние велиме, не! Тоа е нов начин да се води влада„.