1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Едукација на судии по европска регулатива

Анета Арнаудовска, директор на Академијата за обука на судии и обвинители говори за состојбите во македонското судство и што може да се очекува од новиот кадар, кој ја помина обуката во оваа специјализирана aкадемија.

default

„Ако навистина се исплашени и така се чувствуваат кога се под притисок, тогаш не се достојни да бидат судии“, вели Анета Арнаудовска, директор на Академијата за обука на судии и обвинители. Таа ја коментира шок анкетата на ОБСЕ, според која над 60 насто од делителите на првада изјавиле дека се под постојан притисок, пред се’ на власта.

Mazedonien Land und Leute Gericht in Skopje Amtsgericht

Арнаудовска беше истакната судија-кривичар и од скопскиот суд го прзеде раководењето на Академијата и специјализацијата на идните судии според европското законодавство и етички норми. По почетниот отпор во Судскиот совет, но и меѓу судиите кои не ја поминаа обуката во оваа специјализирана институција за едукација, конечно се отворени работни места и прераспределени сите обучени судии и обвинители. Тие една година беа едуцирани од 80-тина врвни странски експерти активни или пензионирани судии, од Франција, Англија, Германија, и со финасиска подршка на германската организација GTZ.

Притисоците треба да се издржат

Анета Арнаудовска е свесна за притисоците што кон судиите ги насочуваат странките, медиумите, власта но и меѓународната заедница, но потенцира дека судскиот имунитет на такви притисоци мора да биде и личен и професионален, затоа за третата генерација на запишани правници кои се дообразуваат во Академијата се

Mazedonien Land und Leute Gericht in Skopje Amtsgericht

планирани и психолошки тестови. „Воведени се со цел да се изберат личности со најдобри социјални, адаптациони, етички склоности за вршење на судиската функција, бидејќи се работи за професија, која е изложена на жестоки притисоци што треба да се издржат.“

Арнаудовска одговра и дека во теоретскиот дел се изучуваат новите правила од европско законодавство и Европската конвенција за заштита на човековите права. Таа искажува благодарност до македонскиот судија во европскиот суд на правдата Мирјана Трајковска-Лазарова, која за првпат организираше и дебата во Судот во Стразбур за судиите од Врховниот суд на Македонија. Тие имаа средби со дванаесет врвни интернационални судии кои им образложувале одредени одредби од Конвенцијата.

Обука за справување со современи облици на криминал

Mazedonien Land und Leute Gericht in Skopje Amtsgericht Gebäude

Директорката на Академијата за обука на македонските судии и обвинители истакнува дека особено внимание се посветува на обуката за справување со современите облици на финансиски криминал и софистицираните дела од организираниот криминил. Странските инвеститори особено се жалат на несоодветната судска заштита на нивниот бизнис и зафати во Македонија. „Тие приговараат на лошите закони, на неефикасноста на трговските судии каде се изразуваат највиталните и најчувствителни капитал и бизнис односи, бидејќи се работи за големи суми и зделки кои бараат соодветна и модерна заштита на имотот и вложувањата. Се трудиме судиите да ги едуцираме по европската регулатива, слободниот пазар и економската конкуренција“, вели Арнаудовска.

Од Академијата за обука на судии и обвинители веќе се активни сите 50- тина досега обучени кадри.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Александра Трајковска