1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Едно лажиче карикатура дневно и општеството ќе биде поздраво

Светската галерија на карикатури „Остен“ по тригодишна пауза, по 37 пат повторно е отворена во нови простории во Скопје.

default

На галеријата, која годинава одбележува 40 години од своето постоење, се пријавија 300 автори од 40 земји од светот кои доставија околу 600 карикатури на тема по сопствен избор. На 18 и 19 септември, меѓународното жири одлучи Гран при наградата за најдобра карикатура да му се додели на Роберт Дандаров од САД. Првата награда му припадна на македонскиот карикатурист Мирослав Георгиевски-Миро, втората на Братислав Каварик од Чешка, а третата на Румен Драгостинов од Бугарија.

Светската галерија на карикатури „Остен“ формирана 1969

07_Bier_Mazedonien.jpg

Македонските карикатуристи се на високо ниво

година во Скопје, беше една од врвните во светот. За жал, пред три години згасна. Познатиот македонски карикатурист Дарко Марковиќ, еден од нејзините иницијатори е во тимот за нејзино оживување. За нејзиното значење вели дека денес карикатурата, за жал, доживеа крах после 37 години постоење на „Остен“ и Светската галерија на карикатури. Галеријата престана да постои, а тој смета дека се разболе во транзицијата. Меѓутоа, сега таа заздравува, а се надева дека идната годинатоа ќе се случи и со списанието Остен. Тоа, според него, е благодарение на новото сфаќање на работата од приватниот сектор. Среќен сум, вели Марковиќ, што токму еден карикатурист Мице Јанкуловски успеа да ја возобнови галеријата. „Тоа е со моја помош како најискусен и нејзин основач во 1969 година и со една нова екипа на луѓе вечерва ја отвораме 37-та светска галерија во чест на 40 годишнината од нејзиното постоење.“

Во Македонија згасна здружението на карикатуристи - како е со отстапениот простор во дневните весници?

Марковиќ појаснува дека денеска се‘ се сведува на индивидуални афинитети и активности на поединци, кој како се снаоѓа и кој колку вреди. Тој смета дека карикатурата не е многу присутна во македонските медиуми, особено во весниците, каде што и‘ е повторно местото, со исклучок на неколкумина луѓе кои професионално са занимаваат со таа работа и меѓу кои е и тој. Младите, според него, се‘ уште не се организирани затоа што немаат се‘ уште доволно простор во весниците.

Karikatur Iran

Марковиќ: преголемата политизираност на општеството и‘ пречи на уметноста

Весниците се приватни, главно се свртени кон профитабилни работи како што е политиката. Мислам, смета Марковиќ, дека тоа многу и‘ пречи на уметноста и културата, таа преголема политизираност во општеството.

Карикатуристите немаат помош од општеството

За помошта и односот на општетството кон нивната работа Марковиќ појаснува дека тие немаат материјална, или каква било финансиска помош од општеството. Тој вели дека единствено има помош од своите продуценти, од издавачите што ги објавуваат неговите работи. Тоа не е помош туку заемна помош, појаснува Марковиќ: „Им помагам нив да имаат подобар весник, а тие ми помагаат мене да можам да опстанам материјално. Општеството нема многу слух за вистината, не сака да критикува, но овозможува критика.“

На прашањето каде се македонските карикатуристи во Европа и светот, Дарко Марковиќ смета дека се на многу високо ниво, но за жал заради низа други проблеми во комуникацијата, бидејќи Македонија се‘ уште не е член на ЕУ, не тие не можат лесно да продираат во печатот во светот. Тој појаснува дека годинава, меѓу неколку стотини карикатуристи од цел свет на светската галерија, 30 се од Македонија. И она што е најважно, меѓу најголемите признанија, има двајца-тројца Македонци. Според Марковиќ, во Македонија никогаш нема недостиг на талентирани млади луѓе, но ним им е потребна комуникација, работа, натпревар, а Светската галерија на карикатури „Остен“ во Скопје тоа им го овозможува.

Автор: Антоанела Димитриевска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска