1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Едномесечен притвор за Фатмир Лимај

Врховниот суд на Косово објави дека донел одлука за едномесечен притвор за четири лица обвинети за воени злосторства во случајот „Клечка“ сторени на Косово во текот на војната со српските безбедносни сили во 1999 година.

Меѓу четирите лица обвинети за воени злосторства во случајот „Клечка“ е и Фатмир Лимај, пратеник во косовскиот парламент, еден од водечките команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК - УЧК), поранешен министер за транспорт и телекомуникации и близок соработник и потпретседател на Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи.

Заедно со Лимај 30 дневен притвор им е одреден и на уште тројца негово соборци од ОВК, Неџми Красниќи, Насе Шаља и Насер Красниќи.

Symbolbild Klecka Kosovo

Претходно Еулекс повторно го отвори случајот „Клечка“, место во централниот дел на Косово каде постојат сомневања дека припадниците на ОВК извршиле воени злосторства, откако добил нови докази од дневникот на личноста „Сведокот Икс“, сега покојниот Агим Зогај.

Ослободителната пресуда за Лимај му беше изречена откако клучниот сведок поранешен затворски чувар, се убил минатата година во Германија. Судот одлучил дека писмената изјава на чуварот Агим Зогај, познат во тоа време како „Сведокот Икс“, е неприфатливо.  Меѓутоа, Врховниот суд во вторникот ја поништи таа одлука и наредил ново судење. Судот кој го сочинуваат судии од Косово и од мисијата на Европската унија - Еулекс, ја поништи провостепената пресуда.

Kosovo-Albaner Fatmir Limaj vor dem UN-Tribunal in den Haag

Фатмир Лимај пред трибуналот на ОН

Адвокатите на обвинетите оценија во нивните први изјави дека одлуката на судот правно е неоснована, како и дека е поврзана токму со завршената посета на шефот на Еулекс, Ксавиер де Марнак на Белград и дека станува збор за политичка одлука.

Во мај 2012 година Фатмир Лимај беше ослободен од обвиненијата дека наредил убиство на два српски заробеника, а дека третиот го измачувал во селото Клечка во централно Косово. Лимај, познат под прекарот Челик, е ослободен во 2005 година од слични обвиненија пред Меѓународниот суд за воени злосторства сторени на територијата на поранешна Југославија, по што на Косово беше пречекан како херој.