Еднолитарски автомобил! | Економија | DW | 11.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Еднолитарски автомобил!

Девизата гласи: штедење енергија. Тоа секако важи и за автомобилите.

default

Се бара помалку сјај, а повеќе економичност.

Се појави трилитарското Лупо на Фолксваген, но фирмата се откажа од него. Причина: не се купуваше. Меѓутоа, концернот не се поколеба, па до 2010 година има намера на пазарот да претстави еднолитарски автомобил. Дали станува збор за еколошки маркетинг или за вистинска промена во стратегијата не може да се каже. Портпаролот на концернот Андреас Маурер вели:

„Темата екологија е актуелна во општеството и овојпат не веруваме дека ќе се случи сличното како во минатото кога ќе се појавеше една тема, па ќе исчезнеше„.

Каросеријата на овој автомбил треба да биде од вештачки материјали, моторот со еден цилиндер и 300 кубни сантиметри и значително помал, а планираната брзина до 120 километри на час.