1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Едниот од германските заложници во Авганистан е мртов

*

Во случајот со двајцата грабнати Германци во Авганистан и натаму има противречни информации за смртта на едниот од нив. Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер соопшти дека едниот од двајцата Германци починал во заложништво. “Ништо не укажува на тоа дека бил убиен, се’ зборува за тоа дека им подлегнал на напорите на кои го изложиле грабнувачите”, рече министерот. Весникот “Билд ам зонтаг”, меѓутоа, известува дека претставници на германските власти на посмртните останки откриле повреди од истрели. Сојузната влада ќе стори се’ што е можно за да се спаси животот на вториот заложник, рече Штајнмаер.