1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Една по една, Бајерн и‘ ги одзема титулите на Борусија

Откако изградија речиси недостижна предност во Бундеслигата, фудбалерите на Бајерн Минхен синоќа се погрижија да го остават големиот ривал Борусија Дортмунд без титулата и во германскиот куп.

Голот на Холанѓанецот Арјен Робен пред крајот на првото полувреме беше доволен за победа на Бајерн Минхен над големиот ривал. Четвртфиналниот дуел во германскиот куп мина во тактичко надмудрување во кое домаќинот, Бајерн имаше далеку повеќе од играта и повеќе шанси за гол од Борусија, а мечот на крајот го одлучи извонредниот удар од 20-ина метри на холандскиот интернационалец, кој во последниот период не е стандарден член на првиот тим на Баварците. Мотив повеќе за Бајерн беше и минатогодишниот катастрофален пораз од Борусија во финалето на купот во Берлин од 5:2.

Во тековната сезона Борусија Дортмунд влезе како двоен првак, бранител на титулите во домашното првенство и во купот. Шансите за одбрана на титулата во Бундеслигата младиот тим од Дортмунд ги загуби одамна, а разликата со водечкиот Бајерн во меѓувреме достигна 17 бода на 11 кола пред крајот. Единствената шанса за Борусија сезонава беше во купот, но Баварците се покажаа како непремостлива пречка. Добрата вест за Борусија, е што со оглед на релативно сигурната позиција на табелата, тимот сега може да се концентрира на настапите во Лигата на Шампионите. Во слична позиција е и Бајерн. Двата тима имаат позитивни резултати од првите мечеви во осминафиналната фаза на Лигата на Шампионите, против Шахтјор, односно

FC Bayern München - Borussia Dortmund Arjen Robben

Арјен Робен

Арсенал.

За Бајерн сепак останува обврска повеќе, а тоа е освојување на германскиот куп, што би претставувало големо задоволство и за тренерот Јуп Хејнкес кој во богатата тренерска кариера досега не го освоил овој трофеј.

Потенцијални противници на Бајерн во полуфиналето се Штутгарт, Волфсбург и Фрајбург. Штутгарт во средата го елиминираше второлигашот Бохум, откако го совлада пред домашните навивачи со 2:0.

Во вторникот, Волфсбург беше поуспешен од Офенбах, нагости со 2:1, додека Фрајбург го елиминираше Мајнц, по продолженија, со 3:2.