1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Една година по хаваријата на „Коста Конкордија“

Една година по хаваријата на бродот „Коста Конкордија“ преживеаните и роднините потсетија на 32 загинати. Церемонијата на италијанскиот остров Џиљо ќе заврши вечерва со минута молчење.

Церемонијата започна со потонување на карпата, која го оштети бродот пред италијанскиот брег и предизвика негово тонење. По денешната миса на копното се презентира и споменик во чест на жртвите. Во 21 часот и 45 минути, времето кога бродот „Коста Конкордија“ заринка на карпата, планирана е минута молчење.

Italien Schiffsunglück Costa Concordia bei Giglio Bergung 1 Jahr später

Бродот „Коста Конкордија“ една година по несреќата

Потоа сите бродови на малото рибарско пристаниште во Џиљо ќе ги вклучат сирените. На крајот на одбележувањето на годишнината ќе бидат запалени 32 светилки, за секоја од жртвите по една. Во несреќата пред точно една година загинаа дванаесет Германци, седум Италијанци, шест Французи и седум други луѓе.

Против капетанот на бродот Франческо Скетино и уште девет други осомничени во моментов се води судска постапка поради убиство. По несреќата особено беше критикуван капетанот Скетино. Нему му се префрлува дека ја предизвикал хаваријата со грешка при навигирањето и потоа ја одолговлекувал евакуацијата. Тој се обвинува и за тоа што го напуштил бродот пред да бидат спасени сите патници.

Остатоците од хаварисаниот брод се’уште стојат бред брегот на островот во Тоскана. Неговото отстранување трае подолго и ќе чини околу 300 милиони евра, поскапо од првичните предвидувања.